Владата на Република Северна Македонија, на 36-та седница на 6 април, донесе уредба со законска сила за примена на Законот за здравствено осигурување за време на вонредна сосотојба според која на осигурениците на кои им се скратени правата од задолжително здравствено осигурување поради нередовно уплатуван придонесе или уплатата на придонесот задоцнила повеќе од 60 дена, односно имаат долг за неплатен придонес, можат во здравствените установи да користат здравствени услуги поврзани со дијагностицирање и лекување од коронавирусот КОВИД-19 на товар на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.
ВАЖНО: Оваа уредба за лекување од КОВИД-19 на товар на Фондот, се однесува и на државјаните на Република Северна Македонија кои не се задолжително здравствено осигурани по ниту еден основ.
Уредбата можете да ја најдете на следниот линк https://vlada.mk/node/20890