Бидејќи Србија сé уште нема редовни служби за намалување на штетите од употреба на дрога како и не е дозволено проверка на составот на дрогата, НВО Ре Генерација од Белград ја сними Белградската земја на чудата, за да ја расветли ситуацијата со која што се соочуваат. Погледајте го нивното видео.
Кога последицата е фатална и се јавува како резултат од конзумирање на дрога и алкохол на музички фестивал или во некој клуб, најчесто медиумите и јавноста го ставаат фокусот на тоа дека личноста која што го загубила сопствениот живот, користела илегална психоактивна супстанца. По неодамнешните настани во Србија, во текот на само еден месец, три млади лица го загубија својот живот, дебатата за безбедноста на младите лица беше насочена кон превенција за користење на психоактивни супстанци кај младите луѓе. Алатките варираат од кривично гонење преку казненото законодавство, до демонизација на културата на ноќниот живот за наводно охрабрување за користење на дроги.
Невладината организација Ре Генерација веќе неколкупати истакна дека посакуваните резултати не се постигнуваат со репресивни мерки. Со затворање на клубови и кривични гонења, со тоа смртната стапка поради предозирање не се намалува. Неопходно е да се направи чекор понатаму, и наместо тоа да се креираат и имплементираат ефективни политики за дрога кои вклучуваат разни превентивни активности меѓу другите програми за намалување на штети од употреба на дроги, како и програми за тестирање на составот на дрогата.
Со прилагодување на важечките закони, ќе има простор за спроведување на програми за намалување на штети од употреба на дрога на фестивалите и клубовите, каде што ќе може да се овозможи и тестирање на дрогите од присуство на материи опасни по живот. Спроведувањето на ваквите услуги не само што реагира на проблемот со употребата на дрогата од страна на младите, туку работи на превенција и едукација, а исто така го намалува и ризикот од самата употреба. Исто така, се отвора можноста за подобрување на ефективноста на обврзувачкиот Национален систем за рано предупредување во кој државите и граѓанското општество треба да бидат партнери.
Бидејќи Србија сè уште нема редовни служби за намалување на штети од употреба на дрога и не е дозволено проверка на квалитетот на дрогата, НВО Ре Генерација ја сними белградската земја на чудата, за да ја расветли ситуацијата со која што се соочуваат и да ја промовира проверката на квалитетот на дрогата како можност што поединци ја имаат за да ги тестираат сопствените супстанции и да дознаат повеќе за нив, да се информираат за супстанците што ги земаат и да ги преземат неопходните мерки ако е потребно или да одлучат да не ја земаат супстанцата воопшто. Свесни дека тестирањето не е најбезбедната и најпрецизна алатка, ние сеуште го промовираме како еден чекор поблиску до запознавањето на квалитетот и составот на вашата супстанца и дека тоа е еден чекор кој би можел да биде клучен за да останете живи.
Ирена Молнар, Ре Генерација