ЕМЦДДА го објави своето последно ажурирање на извештајот за смртни случаеви и смртност поврзани со употребата на дрога во Европа. Информациите дадени во извештајот се добиени преку Експертската мрежа ЕМЦДДА за документирање на смртните случаеви поврзани со употребата на дрога.
Ова последно ажурирање ги потенцира важните предизвици на јавното здравство со кои се соочуваат европските креатори на политики и заинтересираните страни, во однос на набљудувањето, превенцијата, проценката на ризик, намалувањето на штети и третмани за лечење од употреба на дрога.
Извештајот завршува со нагласување на потребата за подобрување на епидемиологијата на смртни случаеви поврзани со употребата на дрога, со цел да се добијат поточни информации и податоци.
Во продолжение прочитајте го целосниот ИЗВЕШТАЈ.