Broadly направија интервју со авганистанската мадам Кадриа, поранешна сексуална работничка, која моментално е едукатор за врсничка едукација во здравствената организација „Мост – Надеж”.Тоа е авганистанска невладина организација која спроведува мала регионална програма за развој на Обединетите нации (УНДП)/Глобален фонд за превенција од ХИВ.
Таа и друг врснички едукатор неодамна спровеле теренски посети на сексуалните работници во Кабул. Целта на организацијата била да бидат посетени 150 жени, но Кадриа и нејзиниот колега достигнале бројка од 480 жени. Рахем Реџеј основач и програмски директор на организацијата, вели дека повеќето жени со кои имале средба работеле во домови, а не на улица.
Кадриа на терен ги упатува жените на тестирање за ХИВ и хепатитис, спроведува консултации за сексуални здравствени информации и дистрибуира кондоми. Претходно работела во Комисија за човекови права на проект финансиран од Светската банка. Таа работела како теренски работник со што ги контактирала сексуалните работници. Таа ова сака да го работи поради големата закана од ХИВ, како и поради хуманиот аспект.
Според УНДП, во Авганистан две илјади луѓе се идентификувани како ХИВ позитивни, но бројот е веројатно повисок. Грантот од УНДП/Глобалниот фонд поддржува врсничка едукација, за превентивните услуги за ХИВ, особено оние кои се под поголем ризик, како што се интравенозните корисници на дрога и сексуалните работници. Реџеј и самиот е поранешен зависник од хероин, тој ја основал невладината организација „Мост – Надеж” во 2015 година и сега води тим од машки врснички едукатори кои обезбедуваат ХИВ едукација, превенција за хепатитис и третирање на рани.
Реџеј вели дека “жени со високо ризично однесување” се и оние кои се во брак со корисниците на дрога и самите користат дроги, заедно со оние кои се занимаваат со сексуална работа.
Во земја каде писменоста и стапката на вработеност кај жените е ниска, авганистанските жени кои се вдовици или напуштени од своите сопрузи се принудени да преминат кон сексуална работа за да ги нахранат своите семејства. Кадрија го знае ова добро. Таа на 14 годишна возраст се омажила за човек 25 години постар од неа. Таа била физички малтертирана од него, а потоа напуштена на нејзини 20 години, со што останува без било каква поддршка за нејзините деца. Друга жена во нејзината заедница запознаена со нејзиниот случај и ја потенцирала нејзината убавина, а воедно и ја запознава со оженет маж кој ќе стане нејзин “снадбувач“ кој ќе го поддржува нејзиното семејство.
„Ме стави во куќа, а потоа ме претстави како неговата сопруга”, Кадриа. Овој однос како неговата љубовница растел поповолно од нејзиниот брак. Со оваа постапка го спасила своето семејство. По речиси 15 години се разделува од мажот, зошто тој заминува со богата девојка “која била позната“, додека таа морала повторно да работи како сексуален работник. Дотогаш таа била “добро позната” кај други мажи. Нејзиниот отсутен сопруг се појавувал од време на време за секс, но не и за поддршка на децата. Нејзините деца не знаат ништо за нејзината кариера, освен за работата како едукатор.
Кадриа за останатите жени е мадам. Во замена за процент од нивните надоместоци, таа успева да им среди изнајмување на куќа во тивко соседство, “преговарање” со старешината во соседството, состаноци со локалната полиција и обезбедување на клиенти. Ова дело во Дари се нарекува карабат (дијалект на персискиот јазик што се зборува во Авганистан) или “сексуална забава”. Кадриа обично останува во соседството неколку месеци, пред повторно да се пресели во нова куќа, бидејќи соседите ги забележуваат мажите кои доаѓаат во куќите. Нејзиниот однос и на жените со полицијата е пријателски. „Полицијата не нè носи во затвор”, Кадриа. Како причина е давањето на одредена сума од заработката на девојките, од 75 до 224 долари секоја недела, во зависност од приходите што ги прават жените.
Работата на Кадриа и помогнала да избега од насилен брак и да купи куќа, но признава дека жените во нејзината професија се соочуваат со закани. „Имавме многу случаи на мажи [клиенти] каде земаат девојка на сила, ја фотографираат и објавуваат на социјалните медиуми, и не наплаќаат за услугата”, Кадриа. Многу од овие жени исто така се соочуваат со злоупотреба дома од своите сопрузи. „Кога работевме со Комисијата за човекови права, мажите ги принудуваа своите сопруги да им донесат пари”, Кадриа.
Без разлика дали се работи за сексуална работа или хуманитарна работа, отпорноста на Кадриа е очигледна. Иако колегите мажи, отворено говорат на медиумите и ги користат нивните вистински имиња, маргинализираните авганистански жени се соочуваат со стигми кои можат да ги убијат (затоа името Кадриа во текстот е измислено, поради заштита на идентитет). Женските врснички работнички носат бурка на улицата, ова Кадриа го гледа како предност. Бурката им овозможува тајно да внесат кондоми во домовите, скриени во пакети, испорачани само кога нема гости. Секоја теренска посета испорачува околу 300 кондоми дневно. Кадриа се надева дека ќе ја прошири оваа дистрибуција до периферијата на Кабул и ќе достигне 1.000 сексуални работници.