На 11 април во 19 часот во Јавна соба (Public Room), правиме аукциска вечер. Таа вечер ја посветуваме на дечињата чии родители се корисници на дроги и сексуални работници.
Како недостиг на финансии имаме потреба да мрдаме со прст и да направиме нови акции за да можат нашите дечиња да продолжат да доаѓаат во дневниот центар на ХОПС, каде ќе продолжат да разговараат со својот психолог, да работат со својот педагог, ќе комуницираат со социјалните работници, ќе изработуваат креативни изработки, ќе го развиваат својот креативен ум, а воедно ќе им овозможиме и посети на културни и социјални активности.
Ова ни беше мотивација да се организираме и исконтактираме луѓе кои би сакале да ни помогнат и за наша среќа многу уметнички и уметници прифатија.
Затоа на 11-ти април од 19 часот во Јавна соба, заедно со Мрдни со прст / Lëviz me gisht организиравме аукциска вечер.
Во 19 часот да почнеме да се собираме и Jас сум Цако- I am Cako да почне да нѐ забавува со неговата плеј листа.
Во 20 часот се надеваме до 20 и 15 можеме да почнеме со аукцијата каде Сашко Коцев (Sasko Kocev) ќе нѐ мотивира да купиме некое од делата на нашите уметници.
Имаме и мени на емпатија 🙂
• Тивка аукција: ако сакате срамежливо и тивко до се наддавате за делата изработени ид нашите дечиња и од уметниците, можете тоа да го направите со тивката аукција, на хартија.
Тука имаме различни изработки, маици, чаши, лампи, фотографии, накит.
• Гласна аукција: ако сакате гласно да се наддавате, Сашко ќе ви помогне.
• Ќе имаме и кутија за дарежливи рачиња.
• Директна продажба на книги.
Ви благодариме дечиња за изработките и Ване Костуранов, Зоран Кардула, Горан Костовски (Индог), Тони Попов,Вања и Катја Штркови, Ирина Тошева, Иван Петрушевски (Флим), Јана Јакимовска и Ненад Тонкин, Ана Бунтевска, Влатко Деков, Нора, Ани Би, Елена Фиданска, Ирена Мила, Ерина Богоева, Дејан Бошковски, Давид Ристевски (Dreadpen), Ем Елепфантски, Лилика Стрезовска, Дороти Пачкова, Скопско астрономско друштво / Skopje Astronomical Society и Мартин Стојановски, Гордана Вренцоска, Александар Наумчевски, Симона Манчевска, Анастасија Величковска, Лидија Колега, Соња Манџук, Васко Серафимов, Марија Трпеска, Тихомир Јанчовски. Многу ни е драго дека се вклучија и самите родители на децата со свои дела.
По аукцијата продолжуваме со журка, ама во следниве денови ви откриваме со кого.
*(поддршката ни се заголемува, секое име кое ќе се вклучи ќе си го додадеме на самиот ивент)
Им благодариме на Град Скопје Официјален профил за досегашната поддршка, на Симона Спировска, Милош Б. Андоновски, Театар за сите,Teatar za deca i mladinci – Skopje, Калина Коси, Konekt, Telekom MK за пакетчињата и Сашко Коцев за минатата година што не поддржаа со мини возбудливи акции за децата и родителите. Дојдете си на 11-ти да се дружиме пак. ♥