“Apple“ го смени своето препознатливо лого на многу свои продавници во црвена боја во знак на поддршка за Светскиот ден за борба против СИДА. Црвеното лого е годишна традиција за „Apple“, а на овој ден се става акцент и на пратнерството што го има “Apple“ со RED (РЕД), непрофитна организација која помага во финансирање на борбата против ХИВ / СИДА во Африка преку Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија .
Со продажбата на „Apple“ производите од линијата RED како што се iPhone, iPod, Beats и други додатоци, се донира дел во добротворни цели.
Исто така работи на промоција во која ќе донираат по еден долар на Глобалниот фонд за секоја набавка направена со користење на Apple Pay на веб-страницата или преку апликацијата „Apple Store“ до 2 декември.
Аpple известува дека нејзиното партнерство со RED собра повеќе од 220 милиони американски долари во текот на годините.