Започна краудфандинг кампања за довршувањето на 30 минутниот анимиран документарен филм за Костја Пролетарски. Потребна е вашата поддршка, тоа може да го сторите на ЛИНКОТ.
Приказната за Костја Пролетарски
На 19ти јуни 2009, Костја Пролетарски, корисник на дрога и активист за ХИВ, го загуби својот живот од туберкулозен менингит во Боткин Болницата во Санкт Петерсбург, Русија. Неговата смрт е резултат на тригодишно малтретирање и тортура во затворот бр. 4 во Карелија, Русија. Во Русија, каде што третман за дроги и едвај е достапен, затворската казна е единственото „решение” за проблемот со користење на дрога. Но нажалост, овие институции не лекуваат. Напротив, затворите убиваат.
Анимираниот рачно исцртан документарен филм, пропратен со оригинално аудио интервју со Костја и неговата мајка, Ирина, има за цел да го одбележи животот на Костја Пролетарски и многу други кои што не успеа да го преживеат затворскиот систем ширум светот. Овој анимиран филм е продуциран од страна на Фондацијата Рајтс Репортер, раскажан од Ања Саранг, во режија на Истван Габор Такац и цртаната рамка е од Лили Ронто.
Повеќе информации за приказната за Костја Пролетарски
На 19ти Јуни 2009, во 6 часот навечер, Костја Пролетарски, корисник на дрога и активист за ХИВ го загуби својот живот од туберкулозен менингит во болницата Боткин за инфективни болести во Санкт Петерсбург, Русија. Неговата смрт е резултат на тригодишното малтретирање во затворот бр. 4 во Карелија, во близина на поларниот круг Арктик во Русија.
Во затворскиот камп, на Костја му е прекршено правото да продолжи со лекувањето за ХИВ. Затворениците, кои што биле во таканареченото Турбо-ХИВ одделение ( каде што ХИВ позитивните луѓе кои беа заболени од туберкулоза беа изолирани ) редовно биле тепани и измачувани. Како казна и лекција за тоа „кој е главен”, чуварите најчесто истурале 30 литри варикина измешана со амонијак на подот во затворената келија, за да ги задушат луѓето. Костја бил строго казнет поради тоа што ја кажал адресата од клиниката за ХИВ во Санкт Петерсбург. Чуварите ставииле гас маска на неговата глава, со 1,5 литри амонијак, прикачен на дното. Ова се само неколку примери за суровиот и деградирачки третман со кој што Костја и останатите затвореници страдале секојдневно.
Во Русија, каде што заменската терапија со метадон е забранета, третманот за дрога е неефективен и рехабилитацијата е едвај достапна за сиромашните луѓе, затворската казна станува главно „решение” на проблемот со зависноста од дрога. Но нажалост, затворот не лекува. Тие не можат да го заменат квалитетниот третман за дрога и социјалната поддршка која што им помага на луѓето да се соочат со останатите проблеми покрај нивната зависност од дрога. Напротив, затворите убиваат.
По ослободувањето на Костја во 2008, експертот за намалување на штети од употреба на дроги и човекови права, Ања Саранг снимила аудио интервју со Костја во болницата, во кој што тој говори дека бил сведок на еден незамислив хорор што се случувал во затворскиот камп. Подоцна во 2009 тимот на Drugreporter, направиле интервју со Ирина Пролетарски, неговата мајка, каде што таа говори за животот на нејзиниот син и за нивната борба со зависноста од хероин на Костја.
Од тогаш планот е да се произведе анимиран документарен филм, користејќи ги оригиналните аудио интервјуа на Костја и неговата мајка Ирина, за да се крене свеста и за одбележување на животот на Костја Пролетарски и многу други кои што не успеа да го преживеат Рускиот затворски систем.
Сега се работи на 30 минутниот филм со Унгарската артистка Лили Ронто. Таа е автор на рачната исцртана рамка на анимираниот филм.