Во Република Македонија во моментов функционираат 16 програми за намалување на штети од употреба на дроги кои ги спроведуваат 10 граѓански организации.1 Спроведувањето на активностите од програмите за намалување на штети од употреба на дроги целосно финансиски се поддржани од Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија преку Програмата за заштита на населението од ХИВ/СИДА, а врз основа на Националната стратегија за ХИВ на Република Македонија 2012 – 2016.
Во моментов новата Национална стратегија за периодот 2017 – 2021 е во фаза на изработка. Во 2017 година, за функционирање на програмите за намалување на штети кај три ранливи групи (сексуални работници, мажи кои имаат секс со мажи и корисници на дроги), Владата на РМ преку буџетот на Министерството за здравство издвои 7 300 000 МКД. Во Програмата нема детални информации за тоа колку од овие средства се наменети за секоја од трите ранливи групи. Дополнително преку Програмата се издвоени уште 7 300 000 МКД за активности за превенција на ХИВ кај популации изложени на најголеми ризици од ХИВ – ДСТ едукации.
Прочитајте ја анализата – “Обезбедување одржливост на програмите за намалување на штети преку буџетот на Република Македонија”.