Програмите за намалување на штети од употреба на дроги преку кои се обезбедуваат здравствени, социјални, правни, психолошки и други услуги за луѓето кои употребуваат дроги во Македонија од ноември 2004 година до крајот на 2016 година се финансираат со средства обезбедени од „Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија“.
Со последните измени, периодот на финансирање на овие програми е продолжен до 30 јуни 2017 година. Примарен примател на овие средства е Министерството за здравство, односно посебната единица во склоп на Министерството за здравство. Со цел полесно одржување на 16-те програми за намалување на штети распоредени во 13 сет различни градови во Македонија, Министерството за здравство како примарен примател, односно посебната единица распределува дел од овие средства на секундарни приматели (здруженија на граѓани) по претходно утврдени договори кои се потпишани од министерот за здравство.
Прочитајте го целото истражување „Aнализа на буџетот и реализација на средствата на министерството за здравство за период 2011 – 2015“.