Амфетамин (алфа-метилфенeтиламин) е стимуланс на централниот нервен систем. Се наоѓа во форма на бел прав или паста која најчесто се користи со шмркање преку нос (снифање) или со голтање орално. Постојат податоци и за интравенско користење на амфетамините.
Амфетаминот во умерени дози создава емоционални и когнитивни ефекти како еуфорија, ја зголемува будноста, концентрацијата, го подобрува мисловниот процес, подига енергија и го засилува либидото. Можни негативни дејства се вознемиреност, збунетост, параноја, гадење, повраќање, дехидратација, покачена телесна температура, забрзана и неправилна работа на срцето.
Како и сите други стимуланси и амфетаминот создава толеранција. Кај секојдневна употреба може да се појават симптоми на навикнување и психичка зависност кои се слични како кај кокаинот и МДМА. Симптомите на навикнување се несоница, депресија, раздразливост, вознемиреност, слабост, чешење, губиток на апетит и телесна тежина. Постои и потенцијална опасност од предозирање и смрт при многу високи дози пред се како резултат на дехидратација и кардиоваскуларни испади.
Во некои земји во светот амфетамини (Адерал, Риталин , Концерта) се препишуваат на рецепта, и се користат во медицински цели за третман на некои заболувања и медицински состојби како при нарушување на хиперактивност и недостиг на внимание (АДХД) и тоа кај деца, адолесценти и кај возрасни, нарколепсија (хроничен замор и несоница) и др.
Најголемите ризици поврзани со употребата на амфетаминот се јавуваат како резултат на дехидратација или проблеми со кардиоваскуларниот систем (висок крвен притисок, срцев удар).
Совети:
- Најдобро е да се прават паузи помеѓу две користење (денови, недели) заради можноста за создавање толеранција, навика и потенцијална психичка зависност.
- Кај лица со висок крвен притисок амфетамините можат да предизвикаат оштетување на бубрезите и срцев удар.
- Внесувај доволно, но не премногу течности кога користиш амфетамин.
- Внимателно со количините и честотата на користење.