Алтернативна Арт Медитација преку боење е една од алатките која активно се користи во рамките на Креативните работилници во ХОПС – Опции за здрав живот. Овој тип на алтернативна арт медитација на учесниците им помага да се нурнат длабоко во себе, да се запознаат себе си и да создадат комуникација внатре во нив самите од друг агол неоптеретени од секојдневието кој отвара простор за хармонија и креативен израз.
Боењето не е официјална уметност, но е одлична тераписка алатка која на едноставен и забавен начин води до хармонизирање на телото и духот. Боењето како интерактивно дејствие ни отвара простор за креативен израз, ни помага да се ослободиме од стрес, да ја разбудиме креативноста и по едноставно да ја препознаеме и изразиме споствената емоција.
Доколку се справувате со емотивен стрес или едноставно имате потреба од креативно изразување / хоби кое ќе ве опушти, Алтернативна Арт Медитација е вистински избор за исполнување на слободното време во текот на денот во рамките на Д- Фестивал – Дојран. Изработените Паноа од учесниците можат да се изложат.
Овдека можете да го прочитате и ПРИРАЧНИКОТ ЗА ПОСЕТИТЕЛИна Д- Фестивал.
Благородна Коцева Симјанов e Фацилитатор на креативни работилници во рамките на ХОПС – Опции за здрав живот. Во 2007-ма година има завршено Ликовната академија во Софија, на отсек Мода. Од дипломирањето до сега е активен учесник во бројни уметнички проекти во земјата и странство како изработка на костими, сценографија, дизајн за балетски и детски претстави и др. Веќе 4 години е активна во Мултимедијалното здружение „Сенки и Облаци‘’, и е дел од организацијата на Интернационалниот детски фестивал на театар на сенки „Сонот на облачето”. Под уметничкото име Roxenn успешно креира и твори како самостоен уметник.