Последната година има драстично намалување на финансирање од донатори за превенција од ХИВ и туберкулоза. Една од причините е неможноста и неволноста на владите за да ги финансираат ваквите програми. Ова има катастрофални ефекти врз клучните засегнати популации (KAPs) во земјите со среден приход (MICS) – сексуалните работници, мажите кои имаат секс со мажи, луѓето кои користат дроги, затвореници, мигранти, сиромашните жени и девојки.
Ако не се преземат мерки, милиони луѓе ќе страдаат и завршат со смрт. Затоа, застапниците на граѓанското општество од целиот свет настапија со план: Action plan to reverse destructive HIV financing trends in middle-income countries, за да се сменат деструктивните трендови за финансирање на програмите за ХИВ во земјите со среден приход. Воедно ова е повик за акција и планирање и координирање на комуникациите и активностите за да се запре овој напад врз животите на луѓето и човековите права.
Планот предвидува три главни точки во областа за застапување и активности:
- Техничка поддршка (Мрежа за одржливост на граѓанското општество).
- Застапување и свест (глобална кампања за солидарност).
- Основен пристап до основните услуги за лекување и превенција (“заштитна мрежна структура“).
Владите во транзиција кон прашањата за одржливост на програмите за превенција од ХИВ и туберклоза, се однесуваат со најмал приоритет. Во многу земји, не постојат ни функционални механизми, кои ќе обезбедат државно финансирање на невладините организации за активностите за превенција на ХИВ на клучните засегнати популации. Затоа треба да се залага дека донаторите нема да ги повлечат своите средства од земјите, освен ако не се гарантира одржливоста на програмите за клучните популации од страна на владите.
Овој акционен план е развиен по серијата разговори кои се одржале во Њујорк, Дурбан и Амстердам. На состанокот во Амстердам, на крајот на октомври 2016 година, Меѓународна поддршка за граѓанското општество (ICS) и Фондацијата Отворено општество (ФОО) организираа собир на 35 промотери од целиот свет за да разговараат за потребата и методите за застапување, капацитетот како и градење капацитети и комуникации за решавање на кризата со финансирање во земјите со среден приход.