ХОПС – Опции за здрав живот во својата Програмата за Намалување на штети од употреба на дроги вклучува активности кои се одвиваат во три дневни центри.
Во дневниот дроп ин центар – Капиштец, покрај услуги за намалување на штети функционира и креативна работилница за клиентите корисници на дрога. Работилниците се изведуваат два пати неделно:
• Понеделник 10 до 14 часот
• Среда од 10 до 14 часот, во просториите на центарот.
На работилниците присуствуваат клиенти – корисници на дроги и се водени од двајца едукатори од кои едниот со искуство од областа на уметноста, а другиот со искуство во работа со корисници на дрога. За време на работилниците едукаторите ги развиваат креативните потенцијали на клиентите и влијаат врз промената на бихејвиорално ниво и развивање вештини преку социјални активности.
• цртање/сликање,
• фотографирање,
• изработка на накит и предмети од кожа и монистри,
• изработка на предмети од глина и дрво
• изработка на маици.
Во Дневниот центар кој функционира во рамките на Програмата за поддршка на сексуални работници, се одвиваат исто така креативни работилници, во вторник во просториите на центарот каде сексуални работници развиваат вештини и самостојно изработуваат:
• накит,
• шиење на машина (ташни, облека, завеси).
Обучувањето е од страна на два сексуални работници.
*Изработениот накит е наменет за продажба, а со парите на продажбата се обезбедува одржливост на работилницата одсега поактивно ќе поселува на страната за РАЧНИ ИЗРАБОТКИ – ХОПС.