На 31 август, Меѓународниот ден за подигнување на свеста за предозирање, активистите во Ванкувер делеле бесплатно безбеден хероин, кокаин и метамфетамин. Акцијата требала да ја подигне свеста за тоа како забраната за дрога ги става луѓето во опасност, но, исто така дека безбедните дроги спасуваат живот со тоа што луѓето знаат што точно користат.
Фронтот за ослободување на корисници на дрога (ДУЛФ) и Мрежата на корисници на дрога во Ванкувер (ВАНДУ) ја организираа акцијата, соработувајќи со други локални групи, вклучувајќи ги и “Moms Stop the Harm“. Настаните на денот вклучувало прес конференција, протестен марш и блок забава.
ВАНДУ и ДАЛФ спровеле слични акции во јуни 2020 година. Претходно ова лето, тие дури ја заработиле поддршката од советничката на Градскиот совет во Ванкувер, која помогнала да се подели бесплатниот хероин.