STAR – The first Sex Workers collective in the Balkans, Ве поканува на хуманитарна онлајн аукција „АКЦИЈА ЗА РЕАКЦИЈА“ на собрани дела од хумани автори. Хуманитарниот настан го организираат по повод одбележувањето на 2 јуни – Меѓународниот ден на сексуалните работници, со цел сите ние да покажеме солидарност и да и помогнеме на нашата заедница која несомнено е погодена од КОВИД-19 пандемијата. Собраните средства од хуманитарната аукција ќе бидат наменети за поддршка на сексуалните работници и нивните семејства, најчесто многудетни и на самохрани мајки.
Хуманитарната онлајн аукција ќе започне на 02.06.2020 и ќе трае до 09.06.2020, на нивната социјална мрежа на Фејсбук: https://www.facebook.com/starsexwork/. Во текот на оваа хуманитарна недела, ќе реализираат продажба на дела, фотографии, накит и гардероба, собрани и изработени од хумани автори.
Несомнено, неповолното влијание на Корона вирусот (КОВИД-19) пандемијата ја чувствуваат сите, но тие сакаат да ја потенцираат особено тешката состојба во која се наоѓаат најранливите категории на граѓани и предизвиците со кои тие секојдневно се соочуваат во потрага да обезбедат основни потреби за нормално живеење за своите семејства, како што се храна, лекови, основната грижа за децата и домот.
Ве покануваме да ја следите хуманитарната аукција, и подгответе се за надавање, ќе имаме навистина интересни дела. Имено, се покануваат сите заинтересирани, доколку сакаат да донираат свое дело, за помош и поддршка на сексуалните работници, да исконтактираат на следнава електронска адреса: communications@starsexwork.org или да се јават на телефонскиот број: 070313103, најдоцна до 01.06.2020.
Во овие моменти кога сите се соочуваме со последиците од кризната состојба, наша, пред се човечка должност е да им помогнеме на оние на кои во моментот тоа им е најпотребно.
Да ја покажеме нашата солидарност и хуманост на дело.
Донирај! Не Дискриминирај.