АЦТ-(Australian Capital Territory) е првата јурисдикција во Австралија која ќе декриминализира мали количини на недозволени дроги, вклучувајќи хероин, кокаин, MDMA и метамфетамин.
Во објавувањето на реформите во четвртокот, министерката за здравство на АЦТ, Рејчел Стивен-Смит, кажала дека е јасно дека сегашните закони не функционираат.
Според новите закони, секој што ќе се најде со количина на дрога што е во рамките на прагот ќе биде казнет, но не и обвинет за кривично дело.
„Знаеме од истражувањата и доказите ширум светот дека криминализирањето на корисниците на дрога не ја намалува употребата на дрога и дека третирањето на зависноста од дрога како здравствен проблем ги подобрува резултатите за сите во заедницата”- Рејчел Стивен-Смит
АЦТ го декриминализираше канабисот во 2020 година, при што Стивен-Смит кажала дека владата ја предводи Австралија со својот прогресивен пристап кон намалување на штетата предизвикана од недозволените дроги.
Но, Џереми Хансон, заменик-претседателот на Либералите, опозициската партија на територијата, изјавил дека реформите ќе го направат „општеството поопасно“, повторувајќи ги ставовите на високите полициски службеници.
Комесарот на австралиската федерална полиција, Рис Кершо, чии службеници се одговорни за полициска контрола на територијата, на сослушувањето за проценките на Сенатот минатиот октомври изјавил дека реформите може да доведат до тоа AЦT да биде центар за „нарко-туризам“.
Нацрт-законот за декриминализација е предложен од Мајкл Петерсон, пратеник во Лабуристичката партија, која е во владата како дел од коалицијата Лабуристи и Зелени. Петерсон го вовел и законодавството за декриминализација на канабисот. Се очекува поширокиот предлог-закон за декриминализација да помине во парламентот, но не е јасно кога ќе стане закон.
Десет супстанции ќе бидат опфатени со реформите, при што дозволените количини за секоја супстанција ќе се разликуваат.