Најнов Извештај на Мрежата за заштита од дискриминација: „Извештај за спроведувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација (2019 – 2022)“
Основна цел на овој извештај е да придонесе за поефективна имплементација на Законот за спречување и заштита од дискриминација, вклучувајќи го и институционалното позиционирање и извршувањето на промотивно превентивната, заштитната и советодавноекспертската функција на КСЗД.
Посебен акцент е ставен на спроведувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација, како и на работата на Комисијата како специјализиран механизам за заштита на граѓаните.
Автор(к)и на документот: Стојан Мишев и Маргарита Глигуроска
Уредничка: Драгана Дрндаревска
Документот може да го најдете ОВДЕ како и извршни резимеа од документот на Македонски, Албански и Англиски јазик.
Овој извештај е изработен во рамки на проектот „Мрежа за заштита од дискриминација: „Унапредување на политиките и практиките за заштита од дискриминација и промоција на еднаквост “ кој е финансиран од Фондација Отворено општество – Македонија. Содржината е единствена одговорност на авторите и на грантистот и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на Фондацијата Отворено општество – Македонија.