Во регионот на Источна Европа и Централна Азија (ЕЕЦА), употребата и разновидноста на НПС-(нови психоактивни супстанци) не е несекојдневна. Синтетичките канабиноиди и синтетичките катинони се доминантни групи на НПС и широко достапни, додека синтетичките опиоиди се чини дека се поприсутни во Естонија и Литванија. Меѓу луѓето кои користат НПС, постојат две клучни популации: оние кои имаат поголемо искуство со употреба на дроги, кои се префрлиле на употреба на НПС од различни причини и млади луѓе без претходна историја на употреба на дрога.
НПС се продаваат на каналите на социјалните медиуми, но и на јавните sидови во многу градови. Главниот ризик од НПС е отсуството на (хемиска) анализа: односно, не знаете што всушност консумирате. Други ризици поврзани со здравјето вклучуваат проблеми со менталното здравје и зголемен ризик од пренос на вирус на човечка имунодефициенција (ХИВ) и вирус на хепатитис Ц (ХЦВ) предизвикани од небезбедна употреба (главно со инјекции), често комбинирани со небезбеден секс.
Досега, во регионот ЕЕЦА, не се достапни специфични третмани за луѓе со проблеми со зависност од НПС, бидејќи фокусот остана на традиционалните дроги, особено употребата на опиоиди. Слично на тоа, услугите за намалување на штети главно не се опремени за да се справат со потребата на луѓето што користат НПС. Во регионот ЕЕЦА, публикациите базирани на податоци и научно базирани на НПС речиси и да не постојат.
Регионалниот извештај за употреба на НПС во земјите на ЕЕЦА се базира на студија спроведена од Правниот факултет, Универзитетот Свонси, во соработка со Евроазиската асоцијација за намалување на штети (ЕХРА). Во рамките на овој проект, се изработени извештаи за 8 земји, насочени кон употреба на нови психоактивни супстанции (НПС) во Белорусија, Естонија, Грузија, Казахстан, Киргистан, Литванија, Молдавија и Србија.
Прочитајте го извештајот ТУКА