Дроги – Политики и практики
Тема на бројот – Рекреативна употреба на дроги
С О Д Р Ж И Н А
Воведен збор
Најлесната од лесните дроги: листови камелија синенсис
„Она по што вулгарниот хедонизам се разликува од филозофскиот е култивираноста во уживањето. Уживањето без учество на свеста е погубно за душата. Вулгарниот хедонизам во секој момент е подготвен да жртвува, да искористи или да злоупотреби. Филозофскиот хедонизам е свесен за присуството на другите и не му е толку до тоа да се задоволи себеси колку да оствари еден складен и успешен однос. Страсен, сетилен и полов, рафиниран, елегантен и префинет, хедонистичкиот ангел се грижи за отстранување на туѓите грижи. Тој е секаде каде што некоја мајка готви, пее и ја лула лулката, таму каде што таткото го допира и го милува своето дете. Тој е таму каде што рацете и усните се спојуваат, онаму каде што се разменуваат знаци на внимание, срдечни и пријателски гестови, изрази на нежност. Тој наместо светата водичка го претпочита виното, се плаши од темјанот и повеќе ужива во мирисите на некое сакано тело; нему му ги должиме најубавите чувства, најслатките пијанства, скапоцените и ефемерни јадења, малите радости. Животното гесло на овој пробувач на рајските јаболки би гласело Carpe diem – искористи го денот! Мислам дека со мирна душа би можеле да му го препуштиме својот живот, за Танатос, кога ќе дојде неговиот час, во своите бисаги да спакува само тело кое согорело до последниот остаток“.
Автор:
Илина Јакимовска
Интервју со Ирена Молнар: Сервиси за тестирање на дрогите
Употребата на супстанции како начин да се поттикнат енергијата и самодовербата е присутна со векови. Сепак, во текот на последниве неколку декади се зголеми употребата на познати и нови супстанции за време на музички настани или други густо посетувани места, но исто така се зголеми и чистотата на овие супстанции. Кои ризици се поврзуваат со ова и како можеме да одговориме на нив?
Разговорот го водеше Ивица Цековски
Изменета свест во неколку потези: минијатурна лична, универзална и локална
Дали луѓето се така составени, да бараат оддишка во супстанци надвор од нас, кои би го одземале притисокот од психолошкиот експрес лонец, и оневозможат и олеснат експлозија која е неминовна, во рецепт на животот кој знае да нè чукне по тилот, плукне во лице, нагази на плускавец, или сосема да нè онеспособи со удар во градите.
Автор:
Ана Чушкова
Рекреативна употреба на дроги
Во ниедна земја каде што личната употреба на психоактивни супстанции е декриминализирана или системот ја толерира не само што нема зголемена употреба на психоактивни супстанции туку и сосема спротивно има генерално намалување на нивна консумација независно дали е тоа Португалија, Чешка или трета земја. Наспроти стереотипите, токму тоа е водење на мудра државна политика со бенефити на повеќе полиња.
Автор:
Јанаки Митровски
Не станав орел
Каде е тука потребата, барем малку да се одвоиме од напнатото секојдневие? Од забеганата цивилизација? Од неподносливото темпо на животот? Користење дрога рекреативно. Тоа беше прашањето.
Автор:
Александар Русјаков, писател
Секоја употреба на канабисот е медицинска
Во светот сè повеќе се актуелни дебатите за рекреативна наспроти медицинска употреба на канабисот. Всушност, и темата на овој број на магазинот е токму рекреативната употреба на дрогите. Во овој кус текст ќе се обидам да го образложам мојот став дека секоја употреба на канабисот е всушност медицинска употреба.
Автор:
Филип Достовски (Зелена алтернатива)
Растафаријанци, реге и марихуана
Регето се поврзува со растафаријанското движење кое поттикнувало враќање на афричката дијаспора во Африка, обожавање на етиопскиот цар Хајле Селасие како божество (неговото вистинско име било Тафари Маконен, а титулата пред да стане цар му била „рас“ – принц), како и со ритуалното користење „ганџа“ (марихуана).
Автор:
Јасмина Пијанманова
Животот е долг и убав
Борбата со депресијата и телесните болки со помош на марихуаната работи поинаку. Се кинат завесите на свеста и стварноста. Работите кои ги криеме сами од себе и она што не сакаме да го видиме е јасно. Искреноста на доживувањата е поразителна. Симболиката во која потсвеста сака самата со себе да искомуницира е зачудувачка. Стравовите избиваат многу видливо. Перцепцијата на времето е изменета. Сетилата се почуствителни и надразнети. Се гледаш дали се сакаш себе или не. Ама баш без лажење. Нема фејк. Ни со другите.
Автор: Мајка
Една вечер Бог – цел живот роб
Како стигнав од примерно дете, посветено на образованието, семејството и телото, до човек што во ноќта ги мери улиците? Како исчезна чувството на постојана детска радост и интерес за работите и како започна пиењето, пушењето и дрогирањето?
Автор:
Син (21)
Убавото доаѓа од внатре
Преку дрогата успеав да се откријам себе. Во моментите на најголема еуфорија, најголема параноја и уништувачки страв, човекот може убаво да размисли. Увидов дека тоа што прави да се чувствувам убаво не е само дрогата, тоа е разговор. Пријателство и блискост, заедничко уживање во музиката. Со луѓе што не користат или не го наметнуваат своето користење можеш да си поминеш убаво, а и без вина следниот ден. Дрогата помага затворениот ум да се отвори на светот. Од најголемото дно сфаќаш дека мора да се издигнеш.
Автор: Син (19)
Kнига: „Лесна работа“ од Капкејк Браун
Капкејк Браун (да, ова ѝ е вистинското име) имала 11 години кога нејзината мајка починала во 1976 година. Старателството врз Браун и нејзиниот брат биле доделени на нивниот биолошки татко кој е странец за нив и цело време ги користел само за социјалните бенефиции. Потоа тој ги препуштил децата кај насилна мајка од згрижувачко семејство која го поддржувала својот внук во постојаните силувањата врз Браун. Браун полека закрепнала и побегнала за потоа да налета на сексуална работничка која ќе ја научи да пие, да пуши марихуана и да наплаќа за сексуални услуги.
Подготвила:
Ирена Јовановска
„Чисто“ (Pure): Филм за семејството и детството што не ги бираш
Сцена: Мајката со потешкотии се буди од сон, нејзиниот мал син ѝ носи лекови надевајќи се дека ќе ѝ заштеди малку време од дневните активности. На почеток таа е бесна дека ѝ ги носи, а потоа го прашува дали се измешани правилно. Секако дека се, ја има гледано доволно долго за да го знае процесот. Следно, веќе ни станува јасно дека „лековите“ се хероин, а мајката не може да го започне денот без тоа. Дополнително на сето ова, денес е роденден на детето, кој таа го заборавила, но нејзиниот дилер се сеќава.
Подготвила:
Ирена Јовановска
Кратки вести