Објавени се наодите од Глобалната анкета за дроги од 2017. Анкетата содржи податоци од 115,000 луѓе ширум светот. Гледано демографски може да се каже дека ова во никој случај не претставува искуство на сите корисници на дрога, ширум светот. Секако резултатите обезбедедуваат многу интересни увиди за употребата на дроги и разликата помеѓу различни видови на дроги. Едни од заклучоците според др. Адам Винсток се:
Луѓето кои што сакаат да се легализира канабисот, не сакаат да се продава од страна на владата
Само 17% од луѓето би сакале да ја видат владата во улога на продавач во регулиран пазар за канабис, 45% од испитаниците преферираат приватни компании и 38% преферираат невладини организациии.
Чистината на дрогата не секогаш значи дека е таа побезбедна
И покрај чистината на кокаинот достапна ширум светот, има дуплирање на бројките на корисниците на кокаин од Велика Британија кои биле примени во болница во последните две години. Др Винсток верува дека најважната работа која што треба да се земе во предвид од ова е тоа дека треба да се промени начинот на кој што се зборува за дрогите, и да има отворени дискусии со корисници на дроги.
“ Во услови на големи трендови, мислам дека зголемувањето на чистината и квалитетот на дрогите, како кокаин и МДМА во повеќе држави, стави многу луѓе под ризик. Едноставно не е вистина дека дрогите со подобар квалитет се побезбедни. Тие би биле побезбедни, само доколку луѓето би биле подобро информирани за тоа што користат и да се едуцираат повеќе практично за безбеден начин за употреба на дрога” – др. Адам Винсток
Спротивно на кокаинот, луѓето кои што побарале помош после користење МДМА или екстази во Велика Британија всушност има опаднато од 1,2% минатата година на 0,8% оваа година.
Повеќе корисници на дрога од Велика Британија купуваат дроги онлајн
Глобалната анкета за дроги покрива криптопазари од 2012 година, оваа година 63,212 луѓе го потполнија делот за црниот пазар на интернет во анкетата и сите пријавија дека користеле дрога минатата година. И покрај тоа што ФБИ запленувал преку серверите на добро познатиот пазар – Силиконски, продажбите на црниот пазар се многу популарни. Рејтингот на корисници на дрога од Велика Британија кои што купуваат дроги онлајн на црниот пазар е дуплиран во 2014. Исто така, мислењата кои што ги споделуваат луѓето кои купуваат дрога онлајн на црниот пазар, нудат бенефиции, го зголемуваат пристапот до почисти дроги без отворени дискусии за методи на намалување на штети кои што можат да ја зголемат штетата за некого. На пример, резутлатите од анкетата за предупредување за кокаинот:
“Црниот онлајн пазар им нуди на корисниците можност да пробаат кокаин со добар квалитет со намалено ниво за ризик. Како таков, може да биде причина за тоа да црниот онлајн пазар води до повеќе штетни употреби за некои луѓе”. – др. Адам Винсток
Печурките се најбезбедна рекреативна дрога
Само 0,2% од луѓето кои што имаат пробано псилоцибин минатата година побарале помош од ургентниот центар за медицински третман. Се разбира овие наоди мора да се земат во предвид. На пример, псилоцибинот е дрога која што луѓето ја користат не толку често колку канабисот, каде што во процент само 0,6% од лицата кои што ја употребуваат оваа дрога побарале медицинска помош. Покрај тоа, амбиентот во кој луѓето ги користат магичните печурки најчесто се разликува драстично од оној во кој повеќето луѓе користат метамфетамин, за што најголем процент на луѓе бара итен медицински третман.
“Исто така различни видови на псилоцибин печурки ширум светот варираат во големина, форма и потенција за нивната токсичност, тие се релативно безбедни со неколку негативни ефекти кои што биле пријавени,” вели др. Винсток, но исто и предупредува дека “комбинирањето на дрогата со алкохол и користење на дроги во ризични и непознати места го зголемува ризикот за штети, паника и збунетост, дезиорентираност и стравови од губење на разумот”.
Канабис
“За многу Европјани, канабисот е дрога која те стимулира да продолжиш да користиш тутун, а како причина е тоа што 90% од европјаните го мешаат канабисот со тутун, додека па од Америка испитаниците само 8%. Иако многу луѓе првично имаат пробано цигари пред првиот џоинт” објаснува Иан Хамилтон и др. Винсток. Културниот презир “за комбинирање на канабис со тутун “ во Северна Америка, може се должи на поширок избор на производи од канабис кои се достапни (законски и незаконски), како и поголем интерес за вапоризирање, начин кој се покажал дека е помалку штететен од пушењето.
Најважниот заклучок кој што може да се извлече од овогодинешната анкета: Многу луѓе користат дроги!
“Владите треба да се соочат со реалноста дека третирањето на луѓето кои што употребуваат дроги како возрасни кои што се грижат за самите себе и за другите е паметен начин да се тргне нанапред и да се помога да се спасуваат животи”.- др Винсток
Учиме нови работи за дрогите и нивната секојднвна употреба и секој би имал корист од отворени дискусии за употребата на дроги.
Извор: http://volteface.me