Др. Херберт Клибер, еден од основачите на модерниот третман на зависностите, никогаш не сакал да работи сo корисници на дроги. Како млад психијатар, штотуку излезен од Јеил, Клибер планирал да се приклучи на Националниот Институт за здравје, но три месеци пред да започне, во 1964 фодина, неговите планови се промениле. Клебер бил испратен во сосема друга здравствена институција: блницата за јавно здравје во Лексингтон, Кентаки или првиот затвор во Америка за третман од дроги.
Им реков, “сигурно сте грешка, момци. Имавме договор”.
“Со среќа”, ми рекоа.
И така Клибер, замина на работа со сосема нова група на пациенти.
Фармата за наркотици
Затворениците и аутсајдерите затворската болница во Лексингтон ја нарекуваа „наркотична фарма“. Отворена во 1935 година, болницата беше озлогласена по сместувањето на познатите корисници на дроги како џез трубачот Чет Бејкер, писателот Вилијам С. Бароус и илјадници обични луѓе зависни од лекови, опијати, психоделици, алкохол и огромен број други супстанции. Затворската болница лекувала околу 1.000 пациенти сместени во објекти распоредени на над 1.000 хектари. Некои затвореници биле испратени во наркотична фарма; други луѓе отишле доброволно барајќи третман. Имало дури и терапевти, лекари, адвокати и фармацевти кои западнале во искушение со лекови и дошле во Лексингтон како казна од работното место.
Според д-р Ненси Кембел, експерт за политика за дроги и коавтор на „Наркотичната фарма: Подемот и падот на првиот затвор на Америка за корисници на дрога“, ова било прв пат кога можело да се забележи дека луѓето се сочувствуваат со нив.
„Крајната цел беше да ги разбереме основните механизми на зависност што може да се излечат или барем да се спречат“, рече Кембел за НПР.
Жителите од Лексингтон постојано работеле на фармата, во кујната, пералната или во продавниците за дрвo и придонесувале за „работнатa терапија“. Тие исто така до крајот на седумдесеттите учествувале во детоксикација, групна и индивидуална терапија и истражување на разни експериментални третмани со зависности преку зависности Институт за истражување.
До моментот кога Клибер започнал со работа во Лексингтон, во раните 1960-ти, голем дел од научната заедница сè уште не била фокусирана на зависноста; имало ограничени истражувањa и разбирање за состојбата. Тогаш владеел општоприфатениот став дека зависноста е морален неуспех, резултат на гревови од минатото и лоша дисциплина.
За време на две години работење во наркотична фарма, Клибер открил дека овој казнен пристап, кој ги демонизира зависниците, не работи.
„Научив дека техниките кои тогаш се користеа при третман не беа многу ефикасни и дека очајно беа потребни нови пристапи кон третманот со зависностите“, рече Клибер, размислувајќи за своето време во Лексингтон.
На наркотичната фарма, третманот наместо тоа се фокусираше на додавање како болест. Наркотичната фарма се обиде со еден куп пристапи: индивидуална и групна терапија за разговори, детоксикација, дури и со употреба на мали количини на лекови за да се спречи зависноста.
Наркотичката фарма имала големи достигнувања во разбирањето и лекувањето на зависностите, како употребата на метадон како третман за зависност од хероин и зависност од рефримација како хронична, не акутна состојба. Во Лексингтон, истражувачите се здобиле со увид, но не успеале да најдат ефикасен третман. Пациентите имаале стапка на повторно враќање од 90 проценти во рок од 90 дена по третманот во наркотична фарма.
После враќањето од Јеил, Клибер бил обесхрабрен и сакал да ја напушти работата со лекувањето на корисници на дрога.
„Последното нешто во светот што сакав да го сторам беше да лекувам зависност“, рекол тој за искуството.
Но, родителите, колегите и самите корисници на дроги, го бараа Клибер, очајни за помош и некој кој што ќе ги води низ процесот.
Тој ги поминал следните пет децении спроведувајќи истражувањa, лекувајќи пациенти, менторства и воспоставувајќи ги темелите на институции како катедрата за лекови и зависности во Јеил, одделот за нарушување на употребата на супстанции во Колумбија, Националниот центар за политика на зависности и злоупотреба на супстанции и Националниот Центар за зависност и злоупотреба на супстанции (сега Центар за зависност).
Помина цел живот во откривањето на нови третмани и поттикнувајќи истражување и финансирање на тешката болест, работа што несомнено спаси безброј животи.
Д-р Клибер на крајот воспостави концепт на „третман базиран на докази“, кој се потпираше на научни истражувања кои го променија патот на зависноста. Наместо да ги казнува или засрами пациентите, како што правеа многу негови претходници во областа, д-р Клибер користеше научни истражувања за да развива стратегии за да ги задржи пациентите трезени, да го ублажи повлекувањето преку внимателна употреба на лекови и терапии.
Во текот на својата 50-годишна кариера, Клибер ја искачи злоупотребата на супстанциите како предмет на научно истражување и национална политика. Тој одигра важна улога во изнаоѓањето на излез на зависниците од дрога. Секој што побарал или има корист од третман со зависности, може даму се заблагодари на Клибер.
Клибер почина на 5 октомври 2018 година, на возраст од 84 години.