Откако Дутерте ја презеде власта на Филипините на 30 јуни 2016 година, најмалку 5.900 лица се убиени во неговата “војна против дрогата”. Во полицијата велат дека 2.086 биле убиени во напади и дека 3.841 биле застрелани во “одмазднички стил” од непознати напаѓачи, со причина дека се корисници на дрога, дилери или само се претпоставува дека се корисници на дрога и дилери.
Независното известување за полициски операции во “војната” покажа вознемирувачки недоследности и силни докази за прекумерна употреба на сила. Владата тврди дека убиствата во “одмазднички стил” се надвор од неговата контрола, но едно од истражувањата на неодамнешно Вашингтон пост покажало дека таквите убиства се изведени од страна на полицијата.
Меѓународна заедница има направено многу малку за да се запре насилството. Дутерте ветува повеќе смрт во 2017, како справување на проблемот со дрогата.