На овој светски ден против трговија со луѓе, сексуалните работници мигранти и нивните сојузници, ТАМПЕП ја потврдија својата заложба за прекинување на експлоатацијата на трудот, создавање на безбедни миграциски патишта кои нудат вистинска заштита за жртвите на трговија со луѓе, вклучително и нивното право да останат во одредена земја и да се почитува нивниот избор за работа.
Основана во 1993 година како одговор на потребите на сексуалните работници мигранти,
ТАМПЕП е Европска мрежа предводена од сексуален работник. Оваа мрежа ги обединува групите за сексуални работници и нивните сојузници во градењето посилни партнерства, застапувањето за правата на мигрантите и мобилните сексуални работници, кои се соочуваат со повеќе форми на дискриминација и исклученост поради конвергенција на репресивните мерки против миграција и сексуална работа.
ТАМПЕП има развиено трипартитен пристап кон човековите права, застапување и вмрежување: право на работа, право на здравје и право на слободно движење, со разновидност која ги вклучува мигрантите и мобилните сексуални работници во неговото јадро.
Изјавата на сексуалните работници од ТАМПЕП по повод Светскиот ден за прекинување на трговијата со луѓе можете да ја прочитате во целост ТУКА.