Тие чинат околу 11 долари и содржат 60мг ТХЦ, односно главната психоактивна компонента на канабисот и 10мг ЦБД (не-психоактивен канабиноид).
Новата студија ќе побара од 400 жени да ги следат нивните менструални симптоми во текот на неколку месеци и да користат вагиналети од канабис.
Вагиналетите од канабис се дизајнирани за да ја ублажат болката и стресот во текот на менструалните циклуси.
Оваа студија е опишана како “прв чекор”, чија крајна цел ќе биде клиничкото испитување кое што вклучува пласибо ефект.
Жените долго време користеле канабис со цел да ги ублажат болките и стресот со кои што се соочуваат за време на нивниот циклус, иако има само анегдотични докази дека лекот всушност има некаков ефект. Претстојната студија се надева дека ќе го промени тоа со испитување на потенцијалните придобивки од “тампоните од канабис”, попрецизно наречени вагиналети од канабис.
Што значи вагиналети од канабис?
За разлика од традиционалните тампони кои апсорбираат менструална крв, овие вагиналети се дизајнирани само да го олеснат стресот и болката од грчеви и затоа се сметаат за замена за конвенционалните лекови и наркотици кои што се даваат без рецепти. Овие вагиналети веќе со години се на пазарот, иако тие се лесно достапни само во држави каде што рекреативната употреба на канабисот е легална.
Еден продавач на вагиналети, во Калифорнија, започнал со Фориа Велнес, кој исто така нуди лубриканти на база на канабис, спрејови и вапоризаторски пенкала, а продава и вагиналети наречени Рилиф. Секоја вагиналетка чини околу 11 долари и содржи 60мг ТХЦ, главната психоактивна компонента на канабисот, и 10мг ЦБД, кој што е не-психоактивен канабиноид познат по своите карактеристики за ублажување на болката. Според Фориа, производот има “минимални психоативни ” ефекти.
Рилиф вагиналетката, може да се користи заедно со стандардниот тампон, се прави од путер од какао и се раствора кратко време по аплицирањето во вагината.
Еден потрошувач напишал:
„Исклучително лесно е да се вметне, јас користев апликатор за тампон. Вагиналетката има изглед на мини ракета и мириса на колачи и какао путер. По само 20тина минути почнував да чувствувам послаба болка. Се чувствував убаво и релаксирано во долниот дел од мојот стомак, особено додека лежев на стомак”.
Друг пак напишал:
„Бев во посета на Колорадо и имав тешки болки ,кога некој ми предложи да одам во диспанзерот и да ги побарам тие вагиналети. Воодушевувачки! Буквално ми го спаси животот, прв пат по 7 години мускулите на карлицата се релаксираа. Грчевите по само еден час беа тешко забележливи и бев во можност да ги елиминирам на помалку болен начин. Тие треба да бидат ЛЕГАЛНИ ширум светот, бидејќи тие навистина се медицинска интервенција”.
Воглавно позитивниот одговор на вагиналетите од канабис, како што се Рилиф, помогнал при инспирацијата на еден истражувач на Харвард да продолжи со студијата за неконвенционалниот лек.
Студија за набљудување на вагиналетите од канабис
Стачи Грубер, професор по психијатрија на Медицинскиот факултет во Харвард и директорот на когнитивното и клиничкото невровизуелно јадро за истражување на канабисот за невронаучно откритие, планираат да спроведат анкета за надгледување на 400 жени кои ќе ги користат вагиналетите Рилиф на Фориа во текот на неколку месеци. Жените ќе ги следат своите менструални симптоми со цел да видат дали се појавуваат некои корелативни модели меѓу учесниците.
„Она што сакаме да го направиме е анегдотските информации да ги претвориме во точни податоци”, – Грубер за Бизнис Инсајдер, додавајќи дека студијата за набљудување, која ќе биде финансирана од Фориа и Флоу Кана, е првиот чекор, а дека клиничкото испитување ќе биде “светиот грал”.
Сепак, проучувањета на третманите со канабис во клиничките испитувања можат да бидат долг и тежок процес бидејќи канабисот сé уште се смета за дрога од Статутот 1 од страна на сојузната влада. И покрај тоа што би било полесно, од правна гледна точка, за компаниите да продаваат (или да продолжат да ги проучуваат) производите кои содржат само ЦБД (не-психоактивна компонента на канабисот), извршниот директор на Фориа, Метју Герсон, за Бизнис Инсајдер изјави дека моќта на неговите производи лежи во интеракциите помеѓу повеќекратните активни соединенија на канабисот, или феноменот кој што е попознат како “ефект на придружба”.
„Сега знаеме, дека во оној момент кога ќе ги разделите составните делови на ова растение, ќе изгубите дел од магијата”, рече Герсон. “Иако ова звучи како да го говори некој хипик, ова е докажано повторно и повторно од студија по студија дека ефектот на придружба, како што ние го разбираме, е всушност реален”.
Извор: bigthink.com