Видеото „Хомофобија во медиумите“ е резултат на долгорочен мониторинг и анализа на медиумите во Македонија и нивно известување и застапување на маргинализираните заедници, особено ЛГБТ прашања. Видеото се обидува да даде краток преглед на доминантниот тренд кај македонските медиуми во известувањето за ЛГБТ прашања, со помош на фокусирање на студија на случај, односно неодамнешен случај поврзан со хомофобичен испад инициран од министерот за труд и социјална политика, и хомофобичната поддршка што тој и неговата демократско-христијанска конзервативна партија (ВМРО-ДПМНЕ) добија од провладините медиуми. Иако се фокусира на конкретен случај, видеото се обидува да презентира краток увид врз главните стратегии што ги користат медиумите за да генерираат говор на омраза, дискриминација и нееднаквост насочени кон сексуалните малцинства, а со тоа и да се распоредат популистички и сензационалистички реторики за да се одржат постојните предрасуди, стравови и нетолеранција, истовремено промовирајќи националистичка агенда.
Previous ArticleWITNESS ја посети Македонија за видео застапување
Next Article Завршна сметка 2013