Конект 10 години работи на поттикнување на филантропијата и се стреми да биде клучната алка за поврзување на донаторите со граѓанскиот сектор за создавање на позитивно влијание во општеството. Во јубилејната година од своето постоење Конект го формираше Донаторскиот кружок како платформа за поттикнување на индивидуалната филантропија.
“Веруваме во силни и одржливи граѓански организации што се потпираат на локални извори на финансирање и ги мобилизираат граѓаните и компаниите за поддршка. Затоа, преку Донаторскиот кружок градиме инфраструктура за поддршка што ќе им овозможи на граѓаните да донираат плански и обмислено во организации од доверба што посветено работат на решавање на општествените проблеми.“ – Конект
За првиот Донаторски кружок, Конект и Иницијативниот одбор нѐ одбраа нас, ХОПС, Отворете ги прозорците и Вилсон Македонија. Со ова се стекнавме со знак на доверба. Воедно добивме и 100.000 денари поради кои многу наши дечиња кои го посетуваат Дневниот центар за ресоцијализација и рехабилитација на корисници на дроги и нивните семејства, почнаа да одат на различни спортски активности, едукативни курсеви. Како благодарност нашите дечиња нацртаа цртежи посветени на Конект.
Им благодариме за прекрасната иницијатива и креативниот начин за привлекување на донации, за одредени маргинализирани заедници.
На нивната страна и има еден тест, каде можете да видите „Каков тип на донатор сте!“