Ангола, првата земја која декриминализираше геј секс во 2019 година!

0

Парламентот на африканската земја го изменил кривичниот законик кој бил изгласан уште од колонијалната ера.

Ангола во средата на 23-ти Јануари стана првата земја која што оваа година го декриминализираше сексот кај геј популацијата.

Пратениците конечно го спроведоа законот за реконструкција на кривичниот закон од 1886 година на југозападна Африка. Тие ги отфрлиле одредбите на природата, кои историски се користеле за кривично гонење против геј сексот.

Новиот закон, од оваа година во Ангола ја забранувал и дискриминација врз основа на сексуална ориентација кога станувало збор за вработување.

Овој закон бил донесен со 155 гласови за, 1 против и 7 воздржани. Владејачката партија во земјата изјавила дека новиот кодекс бил “вистински Анголски”.

Претходниот кривичен законик на Ангола бил напишан на португалски кога тие владееле во земјата во 1886 година.

Дискриминацијата и стигмата претставувале проблем во земјата, односно не постоело законско признавање на истополови парови.

Во 2018 година, припадниците на ЛГБТИ заедницата од Ангола ја прославиле големата победа кога владата законски ја признала групата за права на ЛГБТИ заедницата наречена Ирис Ангола.

Декриминализирање на геј секс во 2019 година

Околу 70 земји во светот сè уште го немаат декриминализирано геј сексот.
Минатата година за декриминализација на геј сексот се решиле Индија, Тринидад и Тобаго.
Индијскиот Врховен суд пресудил дека кривичниот законик анти-геј уште од британската ера дека бил сличен на Ангола, односно дека бил неуставен.

Пратениците во Либан и Тунис размислувале за ставање крај на анти-хомосексуалните закони.

Во меѓувреме, судските предизвици во Сингапур, Јамајка и Кенија може да доведат до декриминализација на геј сексот во овие земји оваа година.

Share.

Leave A Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.