31-ви август секоја година е „Интернационален ден за подигнување на свеста за последиците од предозирањето“ (IOAD). Ова е глобален настан кој се одржува со цел да ја подигне свеста за предозирање и намалување на стигмата за смртта поврзана од предозираност. Oвој ден има за цел да потенцира дека трагедијата од предозирање со дрога може да се спречи навреме, доколку се делува навреме и доколку луѓето се ослободени од стигма и дискриминација.
Живееме во осудувачко општество каде стигмата води кон молк, а молкот и тишината кон смрт и непревземање ништо за себе или своите мили. Секогаш кога ќе речеме предозирање, стереотипот за предозираност е личност со игла и шприц и не се размислува на комплексноста на предозирање, кое може да биде опијати и комбинации од повеќе од една супстанција.
Денот е посветен на отстранување на стигмата од зависност од хероин, каде луѓето кои користат дрога и членовите на семејствата нема да чувствуваат срам, и ќе имаат храброст да побараат помош кога им е потребна. По тој повод се организираат многу настани за подигање на свеста на оваа проблематика и вклучување на владите, локалните општини, здравствени служби, полицијата, семејствата, граѓанските здруженија и поединците кои се охрабруваат да се вклучат и да ја покажат својата поддршка. Како знак за поддршка се носи сребрен беџ. Сребрениот беџ е симбол за подигање на свеста од предозирање.
Прочитајте во нашата категорија ДРОГИ повеќе информации, поврзани со истата тема.
Неколку години по ред имаме ивент каде луѓето постираат пораки за љубените, браќата, сестрите, другарите кои ги изгубиле од предозирање. И оваа година ќе ве повикаме на стариот ивент Не сме сами! Посвети за луѓето кои ги загубивме од предозирање, да испратиме поддршка на семејствата, да кажеме каде грешиме, што треба да промениме, да покажеме дека не сме единствени, да кажеме колку ни фалат и што можеше да биде поинаку.
И оваа година ќе ги користиме хаштазите #OverdosedayMacedonia и #ХОПС при самите посвети. Оние кои сакате да останете анонимни пишете ни посвета во инбокс на нашата страна и ќе ги испратиме во Ваше име. Воедно можете да испратите посвети и на твитер со споменување на нашиот акаунт (hops_mk) или горенаведените хаштази.