Во ноември 2018 година почна да се спроведува осмиот циклус на Глобалната анкета за дроги. Анкетата е достапна на 23 јазици. Повеќе од половина милион луѓе учествуваа во последните 5 истражувања.
Глобалната анкета за дроги се спроведува онлајн. Почна да се спроведува во 2011 година и оттогаш се спроведува секоја година, со намера да се опфати целиот свет. Сепак, за да обезбеди релевантност за поединечна земја неопходно е анкетата да ја пополнат повеќе испитаници од земјата од интерес. Тоа значи дека доколку сакаме да добиеме податоци за употреба на дроги во Македонија треба да мотивираме повеќе луѓе на возраст поголема од 16 година да ја пополнат анкетата.
Овие податоци се исклучително важни за понатамошното планирање на политиките на политиките за дроги и воведување на тие политики во практика. Затоа Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје се вклучува во промоцијата на оваа анкета и ги повикува сите граѓани и граѓанки од шеснаесетгодишна возраст и повозрасни да ја пополнат. Анкетата е анонимна и дискрецијата е загарантирана, а со одвојување на мал дел од своето време придонесувате за изработка на поефикасни политики и практики за дроги.
Споделете ја вашата приказна со цел да се создадат промени кои ќе им помогнат на луѓето да имаат посреќен живот и политики кои го поддржуваат здравјето, а не казната и стигмата. До анкетата можете да пристапите преку следниов линк: https://www.globaldrugsurvey.com/.
Се очекува наодите од оваа анкета да бидат соопштени најдоцна до април 2019 година.
Хаштази кои ќе се користат на социјалните мрежи во тек на Глобалната анекта за дроги се: #GDS2019 #KnowYourDrugs