време на средбите за здравјето на жената во Коста Рика, Латинска Америка и здравствената мрежа од Карибите, предложиле да го прослават 28ми Мај секоја година како Меѓународен ден за акција за здравјето на жената. Уште во далечната 1987, жените застапнички за здравје на жените го усвоиле овој предлог, и секоја година од тогаш го одбележуваат овој ден.
По повод 28ми мај, се потсетуваме на активизмот на чиј фронт сеуште дејствуваме, со цел унапредување на здравјето на жената. За жал на нашите простори сеуште свеста дека жената е рамноправен член на општеството кој придонесува во секоја негова сфера е некаде на маргините помеѓу минатото и модерните текови на секојдневието кое се одликува со патријахално воспитување и стигматизирачко општество. – Катерина Гогова
Без разлика на националност, вера или занимање секоја жена има право да ги ужива стандардите на ментално и физичко здравје. За жал, денес се уште сме сведоци каде што не сите жени имаат исти третман особено во здравствените институции. – Симона Николовска
Да се биде жена во Македонија и општо на Балканот само по себе не е лесно. За тоа да се биде жена која во исто време е корисник или зависник од дроги сведочат клиентките кои секојдневно ги контактираме во нашата работа. Покрај дискриминацијата со која се соочуваат поради фактот дека користат дроги и носењето со тоа не е ни малку лесен предизвик, тие секојдневно имаат потешкотии да си ги остварат своите здравствени права. – Катерина Гогова
Генералната слика вели дека редовно имаат потешкотии да најдат матичен доктор во прв ред и гинеколог. Но вистинските проблеми почнуваат кога им е потребна услуга од секундарна здравствена заштита. Работите одат до тој степен да на трудниците многу често им е доведено во прашање правото на интегритет над своето тело и правото на одлучување дали и кога ќе имаат потомство, од аспект инситирање на прекин на бременоста само затоа што се кориснички на дроги или сексуални работнички. Исто така многу честа е појавата на инсистирање и препорака за оперативна стерилизација со цел трајна контрацепција при што исто така се нарушува правото на одлука за сопственото тело и пород. На сметка на тоа дека користат дроги или дека се сексуални работнички многу често се доведува во прашање и нивната способност да се грижат за своите деца. – Катерина Гогова
Колку повеќе им се овозможува подобар пристап до здравствени услуги, толку повеќе жената ќе има подобра здравствена и економска благосостојба. Програмата на ХОПС за намалување на штети од употреби на дроги работи на овозможување и овие жени да ги уживаат истите права и можности, на подобрување на пристапот до здравствени услуги и информации за женско здравје. На голем број од овие жени им било прекршено правото на пристап до здравствени услуги, со тоа што биле одбиени од здравствена институција врз основа на дискриминација, односно поради тоа што се кориснички на дроги, исто така голем број од овие жени немаат пристап до информации за како да се заштитат од сексуално преносливи болести, кои се нивните права кои поради тоа често им се прекршени. – Симона Николовска
Сведоци сме на репресивни и регресивни политики на многу светски лидери, гледаме секојдневно како се менуваат законските рамки за легален абортус во правец на криминализација и забрана. И на тоа се должат загрижувачките бројки кои кажуваат дека половина од сите абортуси на годишно ниво направени во светски рамки се всушност направени нелегално.Нашата законска регулатива која вклучи подлегнување на стручна комисија за остварување на правото на абортус исто така многу често ја комплицира состојбата и го загрозува здравјето на жената. – Катерина Гогова
Немањето на доволно информации, недостапноста на средства за контрацепција меѓу младите жени, митизацијата и демонизацијата на користењето контрацепција, немањето можност да ги остварат своите здравствени права во контекст на здравствена заштита, во прв ред го нарушуваат нивното општо здравје, а потоа го доведуваат во прашање и нивното комплетно битисување и остварување во општеството. Пристапот до соодветни здравствени услуги, контрацепција и здравствена заштита е најтежок за маргинализираните групи на жени, жените кориснички на дроги, жени од Ромска популација, социјално загрозените, жените од рурални средини и младите. – Катерина Гогова
Да се едуцираме и да научиме, конечно да ги селектираме луѓето кои ќе работат како здравствени работници, тие се важна алка и од нив зависи нашето здравје, треба да се потпреме на нивниот холистички и хуман пристап во работата. Да се стремиме кон подобар образовен систем во кој младите луѓе преку сексуално образование ќе ги имаат вистинските информации, ќе го познаваат сопственото тело и секогаш ќе имаат пристап до контрацепција. Бсплатна примарна заштита за сите достапна насекаде. Да пробаме да градиме општество во кое никој не е поеднаков од другиот. Да пробаме да се разбереме за да се прифатиме. – Катерина Гогова
Како социјален работник кој што работи на оваа проблематика верувам дека овие пречки на кои што наидуваат овие жени може да се надминат со воведување на сексуално образование, информации за пристап до контрацепции и пристап до абортус. – Симона Николовска
Симона Николовска и Катерина Гогова