Активностите за намалување на штети од дроги ширум светот работат неколку децении. Нивната ефективност веќе долго време е потврдена, а се повеќе и повеќе земји почнуваат да ги вклучуваат организациите во создавање на новите политики за дроги. Меѓутоа, ситуацијата во Словачка оди во спротивна насока. Од првичните 6 организации кои обезбедувале програми за размена на стерилни игли, само три од нив остануваат да функционираат, со тоа што секоја година се борат за преживување. Секоја година се соочуваат со финансиска нестабилност, а парите мора да бидат обезбедени од многу извори, но ниту еден извор не е сигурен.
Последните 3 организации за намалување на штети се наоѓаат во Западната Словачка. Во Централна и Источна Словачка не постојат програми за размена на стерилни игли, ова резултира со недостаток на информации за луѓето кои користат дроги во оваа област и за оние кои не посетуваат медицински услуги.
Што им се случи на Централна и Источна Словачка. по затворањето на програмите за намалување на штети?
Ситуацијата во Чешка е сосема поинаква. Потребата за услуги за намалување на штетите се заснова на бројот на жители и програмите за размена на игли со помош на терен се дистрибуираат низ целата територија на Република Чешка. Иако ситуацијата е сосема поинаква во двете земји, ставот помеѓу професионалци и клиенти од двете земји за услугите за намалување на штети е ист. Службите за намалување на штетите се неопходна и ефикасна алатка во политиката за дроги и време е Словачка да почне сериозно да го сфаќа.
Доминика Јаскова, директорка на Одисеј, Ц.А и Drugreporter