На 14-ти септември 2019, започна со одбележување “Ден на гордоста на сексуалните работници”. Тоа е ден на заедницата каде се прославуваат достигнувањата и борбите на неуморните активисти, сексуални работници кои се борат насекаде за да се обезбедат правата и безбедноста која ги заслужуваат.
По воведување на овој ден од страна на Global Network of Sex Work Projects , денот на гордоста на сексуалната работници станува четвртиот годишен клучен датум на движењето за нивните права. На глобално ниво тие се соочуваат со многу предизвици во секојдневниот живот. Тие се маргинализирани, стигматизирани и лишени од своите права. Нивните гласови честопати се игнорираат, но тие никогаш не престануваат да се борат за правата што ги заслужуваат.
Со организирање на јавни кампањи, настани и протестни маршови на овие значајни денови, заедницата на сексуални работници повикува на почитување на нивните работнички права, пристап до правда и искоренување на насилството врз сексуалните работници.
Со одбележување на Денот на гордоста се отвора можност за заедницата на сексуални работници да споделат лични искуства, приказни и достигнувања во изминатите години од активистичкото движење на сексуалните работници на интернационално ниво.
Така и ние решивме да го одбележиме овој ден со видео тизер од креативната работилница за аудио подкаст. Овој тизер е во изработен во рамки на проектот Пристап до правда за најмаргинализираните, кои го спроведуваат ХОПС, Фондација Отворено општество – Македонија и Станица ПЕТ, а финансиран од Европската Унија.