ПРОГРАМА ЗА ПОДДРШКА НА СЕКСУАЛНИ РАБОТНИЦИ - МАРИЈА Програмата за поддршка на сексуални работници (СР) - МАРИЈА, почна да се имплеменира во јануари, 2000та година како проект чии активности беа насочени кон лицата кои нудат сексуални услуги во Скопје. Во 2008 програмата ги прошири теренските актвивности и во Струмица и Гостивар, а во 2009 и во Охрид. Во текот на досегашното континуирано работење ХОПС преку оваа програма оствари контакти со околу 600 сексуални работници, нивни семејства, партнери и клиенти, разви теренски активности преку кои промовира и поддржува безбедно однесување на индивидуално и локално ниво, и увидувајќи ги потребите разви сервиси за подобрување на нивната социјална и здравствена состојба, кои воедно работат и на овозможување и подобрување на комуникацијата со релевантните социјални, здравствени и правни институции и организации. Сите услуги кои се нудат во програмата се бесплатни и анонимни. ОПШТА ЦЕЛ НА ПРОГРАМАТА: Промоција и унапредување на правата на сексуалните работници и нивните семејства во Македонија со цел подобрување на нивниот здравствен, социјален и економски статус преку овозможување сервиси, зајакнување на заедницата, подигање на капацитетите на професионалците, истражување, застапување и лобирање. ТЕКОВНИ АКТИВНОСТИ НА ПРОГРАМАТА 1. Теренска работа за превенција на ХИВ/СИДА и други СПИ помеѓу сексуални работници: - дистрибуција на бесплатни кондоми; 2. Теренска работа за превенција на ХИВ/СИДА и други СПИ помеѓу клиентите на сексуалните работници: 3. Социјални услуги за СР и нивните семејства: - помош при добивање на документи за лична идентификација (консултации и материјална помош за покривање на административни трошоци од фондот за документи креиран за таа намена); 4. Медицински услуги за СР и нивните семејства: - организирање едукативни работилници за сексуално и репродуктивно здравје, ХИВ/СИДА и други СПИ; 5. Правна помош и советување за СР и нивните семејства: - правни совети од областа на граѓанско, кривично, семејно, имотно, управно, социјално и друго право; 6. Психолошка помош за сексуалните работници и нивните семејства - Индивиуални советувања и психотераписки сеанси со СР 7. Овозможување услуги во Дневен центар за сексуални работници и нини семејства - одржување лична хигиена - туш и тоалети
ФОНДЕРИ И ПАРТНЕРИ Од 2000 - 2003 година, активностите на програмата беа финансиски поддржани од Фондацијата Институт Отворено Општество Македонија. Во 2003 - 2004 година, теренските активности финансиски ги поддржа и ПСИ Романија. Почнувајќи од 1ви Ноември 2004 година, во соработка со Министерство за здравство и Националната комисија за ХИВ/СИДА во Македонија при Владата на Р.М, програмските активности целосно се поддржани од Глобалниот Фонд за борба против ХИВ/СИДА, туберкулоза и маларија, во рамките на Националната стратегија за ХИВ/СИДА (2003-2006, 2007-2012). За одредени проектни активности како промоција и заштита на човекови права, превенција на трговија со луѓе и сексуална експлатација, зајакнување на заедницата на сексуални работници ХОПС има добивано поддршка и од ОБСЕ, ИОМ, Х-У Фонд на Солидарноста, СОАИДС итн. Преку програмата за поддршка на СР, ХОПС остварува активно партнерство во регионалната Мрежа за застапување на правата на сексуалните работници SWAN (Sex work Advocacy Network, www.swannet.org), заедно со уште 15 организации од Источна Европа и Централна Азија, и во европската мрежа Интернационален комитет за Правата на Сексуалните работници во Европа (IERCSE, www.sexworkeurope.orgНа национално ниво програмата соработува со повеќе здруженија на граѓани и е активен член на различни неформални мрежи и коалиции од кои најактвни во моментов се Коалицијата за промоција и заштита на здравствените и ексуални права на сексуалните работници и ЛГБТ/МСМ популацијата во Македонија и Македонската мрежа за намалување на штети (ММНШ). Лице за контакт: Марија Тошева Ул.Христо Смирненски 48-1/6 Тел/фах: (02) 3246 205, 3246 210 Друго SWAN + Newsletters
|