Дроги - Политики и практики - јуни, 2014

Дроги - Политики и практики

Тема на бројот - Дроги и законодавство

​Содржина

Смртта на актерот​

Законска регулатива на дрогите

Евиденцијата укажува дека казнените мерки самостојно, без оглед колку се тие строги, не ја постигнуваат целта за намалување на употребата на дроги. Уште полошо, во многу случаи оние закони што ја криминализираат употребата доведуваат до негативни последици како што се: стигматизација на корисниците, нарушување на човековите права, отежнат пристап до третман и ресоцијализација итн. Пишува Влатко Деков.

СЛОВЕНЕЧКИ СОЦИЈАЛЕН КЛУБ ЗА КАНАБИС – ССКК

Јака Битенц е  активист на Словенечкиот социјален клуб за канабис - ССКК (Slovenia Cannabis Social Club - SKSK), кој заедно со другите членови нa Kлубот се бори за промена на законската регулатива за канабис во Словенија, за која вели дека е бесмислена, како и на поголемиот дел од Балканскиот Полуостров. Тој користи масло од канабис за да се справи со последиците од дијабетес, од кој боледува во последниве 23 години. Во продолжение ви го пренесуваме разговорот со Јака што го водеше Жарир Симрин, во кој тој поопширно зборува за сопствените искуства со медицински канабис и за дејноста на ССКК.

Политиките и законодавствата за дроги во Југоисточна Европа

Во 2012 година, Асоцијацијата „Диогенис“ презеде иницијатива за развој на проектот Реформирање на законите за дроги во Југоисточна Европа. Во соработка со организациите-членки на мрежата за политики за дроги во Југоисточна Европа и истражувачите поврзани со истражувачките институции и правните факултети во рамки на универзитетите од земјите во Југоисточна Европа беше спроведено истражување од кое произлезе публикацијата „Политика и закони за дроги во Југоисточна Европа“ (http://www.diogenis.info/ckfinder/userfiles/files/DRUG-POLICY-AND-DRUG-LEGISLATION-IN-SOUTH-EAST-EUROPE-web.pdf). За резултатите од ова истражување пишува Танасис Апостолу.

Репортажа - Во посета на Портландското друштво за здравство, организација која спроведува политики и програми за намалување на штети во Ванкувер - Канада 

"...една од одликите на Ванкувер и она што го истакнува во глобални размери се хуманите политики за помош и поддршка на бездомните лица и на другите општествено-маргинализирани заедници." - известува Дарко Велески.

 
Колку можеш да ја контролираш употребата на дроги кај себе, твоето здравје и твојот живот? Пополни го тестот и избери го одговорот што најдобро те опишува. Со помош на овој тест откриј дали имаш „кочница“ за дрогите. Среќно!
 
 
„Во здружението на ’Наркотикс Анонимус‘ (НА) дојдов после уште една типично зависничка драма од превара, грабеж и насилство во врска со дрога. Во тој очај, не знаеќи што друго да правам или кај да идам, се сетив дека стар познаник ми имаше спомнато за НА и дека им помага на зависници. Одлучив да се јавам и до ден денес го сметам како најважен телефонски повик кој го имам направено. За првпат се јавив негде каде што можев да добијам помош наместо кај дилерот. За првпат слушнав глас кој ми даде надеж, го разбираше јазикот на зависник и ми кажа каде има состанок на НА да отидам.“
 
 
"Низ мојата пракса како психотерапевт во Центарот за ресоцијализација и рехабилитација на Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, успеав, низ одредени случаи, да потврдам дека деструктивното животно сценарио на луѓето кои користат дроги може да се промени. Единствен предуслов е свесност на личноста дека постои тоа, за тоа кои се неговите содржини и процеси, но и за подрачјата во кои влијае." - Деспина Стојановска.
 
 
"Мојата мисија како педагог во центарот „Чекор напред“ беше да ги намалам штетните последици од семејните односи врз детето и притоа да се изборам за негово редовно школување со цел да се изгради како целосна личност, како што, впрочем, прилега на едно дете во сестрано развиена средина." - Елеонора Чичевска.
 
 
Последниве денови, на почетокот на предизборната кампања за претседателски, но и парламентарни избори, бевме сведоци на помпезна полициска акција наречена МРЕЖА која спектакуларно беше најавена и прикажана во медиумите, а чиј исход беа 5 грама марихуана, два џоинта и 300 семки. Пишуваат Ирена Цветковиќ и Анастас Вангели.
 
 
Од 14 до 16 март 2014 година во Охрид, ХОПС со поддршка на ФООМ организираше Конференција на тема „Достапност на третманот за хепатит Ц за корисници на дроги во Република Македонија – добри практики и предизвици“. За искуствата и резултатите од конференцијата не информира Воскре Наумоска Илиева
 
Како што известува Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, Меѓуресорската комисија за дроги на Република Македонија во март 2014 донесе одлука  за забрана на 15 нови супстанции и нивно класифицирање во списокот на опојни дроги и психотропни супстанции. Ова значи дека се забранува нивното производство, поседување , купопродажба и употреба
 

 Препорачуваме и кратки вести