Актуелна состојба со ХИВ/СИДА  во 2017 година во Р. Македонија

Излегоа статистиките од  Институтот за Jавно Здравје на Република Македонија кои велат дека:

Неодамнешниот извештај на ЕЦДЦ – СЗО / Европа, укажува на над 160 000 нови ХИВ позитивни дијагнози, регистрирани во Европскиот регион на СЗО во 2016 година. 80% од новите ХИВ позитивни пријавени лица се од источниот дел на Европа. Бројот на новите дијагнози за ХИВ пријавени за 2016 година претставува највисок број на ново регистрирани случаи на ХИВ во евиденцијата за една година. Една од клучните причини за овој тренд е дека 51% од пријавените ХИВ дијагнози во 2016 година се дијагностицирани во доцната фаза на инфекцијата.

Во целиот регион во 2016 година, 65% (ЕУ / ЕЕА: 63%), лица на возраст од 50 и повеќе години биле дијагностицирани доцна во текот на нивната ХИВ инфекција. Процентот на доцна  пријавените ХИВ позитивни лица се зголемува со зголемување на нивната возраст. На крајот на 2016 година на глобално ниво, околу 36,7 милиони луѓе живееле со ХИВ. На крајот на 2016 г. 1,8 милиони луѓе станале ново заразени со ХИВ.

  • Околу 35 милиони луѓе умреле од болести поврзани со СИДА-та од почетокот на епидемијата, па се до крајот на 2016 година). Бројот на смртните случаи од СИДА, во вкупни рамки се намалени за 45%.
  • Околу 20,9 милиони луѓе кои живеат со ХИВ, до средината на 2017 година добиле АРТ. Околу 54% од возрасните и 43% од децата кои живеат со ХИВ во моментот примаат доживотна антиретровирусна терапија (АРТ).
  • Во 2017 година се забележани значајни чекори на патот кон исполнување на целите за третман  90-90-90, за завршување на СИДА-та до 2030 година.
  • Во Источна Европа и Централна Азија, нови ХИВ инфекции се зголемени за 60% од 2010 година наваму и смртните случаи поврзани со СИДА-та за 27%.
  • Глобалната покриеност со АРТ за бремени жени и доилки кои живеат со ХИВ е висока и изнесува 76%, односно секоја 7 од 10 бремени жени кои живеат со ХИВ, добиле антиретровирусен третман.
  • Африканскиот регион на СЗО е најзагрозениот регион, со 25,6 милиони луѓе кои живеат со ХИВ во 2016 година и учествува со речиси две третини од регистрираните ХИВ инфекции на глобалнио ниво.
  • Во 2016 година, околу 44% од новите инфекции се случиле меѓу клучните популации и нивните партнери.

Се проценува дека во моментов само 70% од луѓето со ХИВ, го знаат нивниот статус. За да се постигне целта од 90%, дополнителни 7,5 милиони луѓе треба да имаат пристап до услуги за ХИВ тестирање.

Не постои лек за ХИВ инфекција. Сепак, ефективните антиретровирусни (АРВ) лекови можат да го контролираат вирусот и да помогнат во спречувањето на пренесувањето, така што луѓето со ХИВ и оние со значителен ризик можат да уживаат во здрав, долг и продуктивен живот.

Во периодот 2000 – 2016 година, ново регистрирани ХИВ инфекции се намалија за 39%, а смртните случаи поврзани со ХИВ, се намалија за една третина, со 13,1 милиони животи спасени поради користење на АРТ во истиот период.

Во Институтот за Jавно Здравје на Република Македонија (ИЈЗРМ), до 30. 11. 2017 година, пристигнати се и обработени 39 пријави за ново регистрирани случаи на ХИВ/СИДА.

Заклучно со 1 декември 2017:

  • 4 лица се заболени од СИДА,
  • 35 лица се ХИВ позитивни.

  Во 2017 година не се регистрирани  смртни исходи на лица заболени од СИДА.

 Структура по пол на лицата со ХИВ/СИДА во 2017 г.  (заклучно со 1 декември 2017):

  • 39 лица се од машки пол.

Состојба со ХИВ/СИДА во Р. Македонија за период 1987-2017 г.

Во периодот 1987 – 2017 (заклучно со 1 декември 2017) година вкупно се регистрирани 354 лица кои живеат со ХИВ/СИДА. Дистрибуцијата по пол на лицата кои живеат со ХИВ/СИДА покажува дека од вкупно 354 лица лица кои живеат со ХИВ/СИДА, 301 лица се од машки пола 53 лица се од женски пол.

Во РМ има вкупно 184 лица кои се болни од СИДА и 170 лица кои се ХИВ позитивни, или вкупно 261 лица кои живеат со ХИВ/СИДА (за 10 лица нивниот статус е непознат).

Начин на трансмисија на лицата со ХИВ/СИДА (заклучно со 1 декември 2017):

  • Хетеросексулен пат на пренос на ХИВ – 149
  • МСМ – 177
  • Од мајка на дете – 6
  • Хемофиличари – 4
  • Интравенски корисници на дрога – 12
  • Непознат начин на пренос – 6
Извор: Институтот за Jавно Здравје на Република Македонија