Вклучете се во Глобалната анкета за дроги

На 6 ноември 2017 година почна да се спроведува седмиот циклус на Глобалната анкета за дроги. Анкетата е достапна на повеќе јазици, а од јазиците застапени на Балканскиот полуостров достапна е на српски, на романски и на турски јазик.

Глобалната анкета за дроги се спроведува  онлајн. Почна да се спроведува во 2011 година и оттогаш се спроведува секоја година, со намера да се опфати целиот свет. Сепак, за да обезбеди релевантност за поединечна земја неопходно е анкетата да ја пополнат повеќе испитаници од земјата од интерес. Тоа значи дека доколку сакаме да добиеме податоци за употреба на дроги во Македонија треба да мотивираме повеќе луѓе на возраст поголема од 16 година да ја пополнат анкетата на Интернет.


Овие податоци се исклучително важни за понатамошното планирање на политиките на политиките за дроги и воведување на тие политики во практика. Затоа Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје се вклучува во промоцијата на оваа анкета и ги повикува сите граѓани и граѓанки на шеснаесетгодишна возраст и повозрасни да ја пополнат. Анкетата е анонимна и дискрецијата е загарантирана, а со одвојување на мал дел од своето време придонесувате за изработка на поефикасни политики и практики за дроги.

До анкетата можете да пристапите преку следниов линк: https://www.globaldrugsurvey.com/.

Се очекува наодите од оваа анкета да бидат соопштени најдоцна до април 2018 година.

Хаштази кои ќе се користат на социјалните мрежи во тек на Глобалната анекта за дроги се: #GDS2018 #KnowYourDrugs