Нови предизвици и можности за Глобалната состојба за намалување на штети од дроги

Глобалната состојба на намалување на штети е е-алатка (интерактивен ресурс), која содржи апдејтирани информации за политиките за намалување на штети во целиот свет. Корисниците на оваа алатка можат да избираат земји или региони и да креираат табели за водич за моментална состојба на намалување на штети ширум светот.

Главна публикација на Глобалната состојба на намалување на штети е Биеналниот извештај за глобална состојба на штети. Првпат објавен во 2008 година, кој вклучува координирани напори од практичарите, академиците, застапниците и активистите, да ги мапираат глобалните податоци и одговорите на епидемијата на ХИВ и хепатитис Ц, поврзани со небезбедно инјектирање и неинјектирање на дроги. Тоа е единствениот извештај кој обезбедува независна анализа на состојбата на намалување на штети во светот. Информациите содржани во извештајот се чуваат и редовно се ажурираат на интерактивна е-алатка за истражувачите и застапниците.

Дванаесет месеци од започнувањето на овој проект, Глобалната состојба на намалување на штети станува уникатна алатка бидејќи е производ од заедницата за намалување на штети, за заедницата за намалување на штети. За да се осигура дека Глобалната состојба на намалување на штети и понатаму е силен ресурс кој му служи на заедницата, првиот чекор за објавување во 2018 година бил иницирање на разговор со партнери. Во октомври 2017 година, со анкета е допрено до повеќе од 100 партнери од граѓанското општество, организации на луѓе кои користат дроги, академици, даватели на услуги и донатори низ целиот свет. Со анкетата сакало да се види како заедницата ја користи оваа алатка воедно како и да ја подобри. Со анкетата дојдено е до заклучок дека се појавува голем интерес за неколку теми:

Амфетамини
Се пројавил голем интерес за повеќе податоци за стимулантите од типот на амфетамин (AТС) и интервенциите за намалување на штетите за користење на AТС (вклучително и на атрибути и интервенции). Ова е како резултат на рефелксија на употребата на дроги во Латинска Америка и Азија, како и менувањето на трендовите во користењето на дроги на глобално ниво. 

Налоксон
Препознавајќи го ужасниот пораст на предозирање со опиоиди, испитаниците од Северна Америка и Западна Европа сакаат да видат повеќе податоци за достапноста на налоксон и дистрибуцијата на налоксон на колегите.

Тестирање на дроги
Испитаниците пријавиле интерес за проверка на дрогите како интервенција за намалување на штетите - честопати најрелевантна кај младите и луѓето во урбаните средини. На пример, тестовите за дрога во повеќе европски земји им овозможуваат на поединците да достават мостри за идентификација на дроги и анализа на чистота на истата, со цел да се минимизирааат штетите, воедно вака се обезбебедуваат информации за достапноста и појавувањето на нови психоактивни супстанции (НПС).

Нови психоактивни супстанции
Поради брзата појава на нови психоактивни супстанции (НПС), се појавува бес во многу земји со среден и висок приход. Затоа во извештајот за 2018, ќе бидат опфатени НПС како специфична тематска област.

Глобалната состојба на намалување на штети ќе продолжи да ги потенцира политиките за дроги и човековите права, случувањата кои се поврзани со намалување на штети, заедно со какви било промени во достапноста и пристапноста на здравјето и намалување на штети услуги за луѓето кои користат дроги. Ова вклучува пристап до тестирање и третман за ХИВ, хепатитис Ц и туберкулоза. Ќе се продолжи со посветување на простор во извештаите за собите за безбедно инјектирање, и се очекува дека тие ќе бидат поизразени во извештајот од 2018 година, поради зголемената меѓународна распространетост на овие интервенции за спасување на животот во последниве години.

Ќе се продолжи со документирање на пристапот до програмите за игла и шприц и ОСТ во затворите во извештаите на Глобалната држава, и со деталните истражувања за интервенции за намалување на штетите во затворите, кои се дел од фокусирани извештаи и брифинзи, како што се и истражувањета и коментарите за смртните казни за прекршоци поврзани со дрога.

Оваа година, HRI, ќе произведе самостоен извештај за состојбата на финансирање на намалување на штети ширум светот. Но, со оглед на тоа што кризата за финансирање на намалување на штети продолжува да биде главна пречка за напредокот во поголемиот дел од светот, ова исто така ќе добие значителен фокус во извештајот на Глобалната состојба на намалување на штети - 2018.