ПИН музичка конференција

ПИН музичка конференција, која се оддржа од 30.11-02.12.2017 г. во Младински културен центар (МКЦ) во организација на Пасворд продукција од Скопје, беше вовед во неколкудневната програма на деветнаесетото издание на фестивалот „Таксират“. На конференцијата, која промовира музичари, музички продуценти, менаџери, музички новинари, агенти за резервации, промотери, претставници од најголемите музички фестивали во Европа и активисти на невладини организации, учествуваа над 60 артисти од Македонија и од Европа.

Македонската војна против дрогите

Под поимот војна против дрогите се подразбира ’спроведување полициски и воени интервенции за спречување на нелегалното производство, трговија и употреба на нелегални дроги‘. Под дроги се подразбираат ’сите психоактивни супстанции кои Обединетите нации и конкретните влади ги имаат прогласено за нелегални‘. Поимот војна против дрогите е популаризиран од медиумите по говорот на претседателот на Соединетите Американски Држави Ричард Никсон на 18 јуни 1971 година со кој ги прогласува дрогите за народен непријател број 1 и со кој најавува цврсти мерки за искоренување на дрогите.

Панел дискусија: Ноќен живот, дроги и намалување на штети

Рекреативно/повремено користење на дроги е популарна социо-културна практика, особено во контекст на музички настани и ноќен живот, помеѓу сите генерации па така и помеѓу младите луѓе. Новите трендови на употреба на дроги (легални и илегалани), мешање на различни видови дроги како и појавувањето на нови психоактивни супстанции и користењето на дроги секогаш со себе носи и ризици, па поради тоа дополонителни мерки на претпазливост се потребни што од корисничкa така и од страна на органзаторите на настаните. Во светот постојат бројни стратегии за намалување на ризиците асоцирани со рекреативната употреба на дроги, кои кај нас се слабо развиени.

Активности во Дневниот Центар за поддршка на сексуалните работници и нивните семејства


Оваа недела во рамките на Дневниот Центар за поддршка на сексуалните работници и нивните семејства, се одблежа денот за борба против семејното насилство. На клиентите кои го посетија центарот низ игри на улоги  им беа прикажани типични примери за семејно насилство каде што клиентите покажаа интерес, споделија свои искуства и активно учествуваа во дискусијата. На крај им беше презентиран  кругот на семејното насислтво. Целта на овие активности беше клиентите да го препознаат семејното насилство и да се мотивираат за пријавување на вакви случаеви.

Секоја жртвата има право на помош, поддршка и заштита од семејно насилство како и  да биде информирана од службените лица за своите права, мерките за заштита и постапките за остварување на истите, како и за достапните услуги за помош и заштита

Актуелна состојба со ХИВ/СИДА  во 2017 година во Р. Македонија

Излегоа статистиките од  Институтот за Jавно Здравје на Република Македонија кои велат дека:

Неодамнешниот извештај на ЕЦДЦ – СЗО / Европа, укажува на над 160 000 нови ХИВ позитивни дијагнози, регистрирани во Европскиот регион на СЗО во 2016 година. 80% од новите ХИВ позитивни пријавени лица се од источниот дел на Европа. Бројот на новите дијагнози за ХИВ пријавени за 2016 година претставува највисок број на ново регистрирани случаи на ХИВ во евиденцијата за една година. Една од клучните причини за овој тренд е дека 51% од пријавените ХИВ дијагнози во 2016 година се дијагностицирани во доцната фаза на инфекцијата.

Во целиот регион во 2016 година, 65% (ЕУ / ЕЕА: 63%), лица на возраст од 50 и повеќе години биле дијагностицирани доцна во текот на нивната ХИВ инфекција. Процентот на доцна  пријавените ХИВ позитивни лица се зголемува со зголемување на нивната возраст. На крајот на 2016 година на глобално ниво, околу 36,7 милиони луѓе живееле со ХИВ. На крајот на 2016 г. 1,8 милиони луѓе станале ново заразени со ХИВ.

Светска кампања за борба против СИДА-та: Мое здравје, мое право!

Една од кампањите кои го одбележуваат „Светскиот ден за борба против СИДА“, е кампањата на УНАИДС наречена:„Мое здравје, мое право". Кампањата се фокусира на правото на здравје и ги истражува предизвиците со кои се соочуваат луѓето во светот во остварувањето на нивните здравствени права.

„Сите луѓе, без оглед на нивната возраст, пол, каде живеат или кого сакаат, имаат право на здравје. Без разлика на тоа какви се нивните здравствени потреби, секој бара здравствени решенија кои се достапни и ослободени од дискриминација, и со добар квалитет". - Мишел Сидибе, извршен директор на УНАИДС.

PRIDE PHOTO AWARD - Изложба на победнички фотографии за 2016

Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ нѐ кани на отворањето на изложбата на победничките фотографии на Pride Photo Award за 2016, на 05.12, вторник, во 20:00ч во Мала Станица.

Во склоп на изложбата, на 13.12, среда, во Мала станица од 11:00ч, ќе биде одржана и панел дискусија на тема "Препознавање и признавање на сексуалната и родовата различност", на која како гости говорници ќе бидат претставници од Советот на Европа и TRANSGENDER-Europe. 

Донирајте за Фондацијата Андреј Рилков, за поддршка на корисниците на дрога во Москва

На  Фондацијата Андреј Рилков и треба сечија поддршка, за да продолжи со обезбедување на здравствените и човекови права за спасување на животите на корисниците на дрога во неповолна положба на улиците во Москва, Русија.

Епидемијата на ХИВ расте во Русија, особено кај луѓето кои користат дроги. Здравствените власти се спротивставуваат на ефективните програми за превенција во оваа група, како што се намалување на штети. Фондацијата Андреј Рилков е единствената организација која обезбедува услуги за намалување на штетите на корисниците на дрога во Москва. За жал, повеќето домашни и меѓународни донатори повеќе не финансираат превенција на ХИВ во Русија. Како резултат на тоа, Фондацијата Андреј Рилков многу се потпира на приватни донации за да обезбеди здравствени и правни услуги.

Познати психотерапевти

 

Станислав Гроф

Станислав Гроф (роден 1.7.1931 год.) е психијатар со чешко потекло и еден од основачите на трансперсоналната психологија и истражувач во областа на студиите за свеста. 

Во научните кругови Гроф е познат по раното проучување на ЛСД и влијанието на оваа супстанција врз психата – психоделична терапија. Создава теориска рамка за пренатална, за перинатална и за трансперсонална психологија во која се мапираат ЛСД и други моќни емотивни искуства врз раните фетусни и неонатални искуства. Откако била забранета употребата на ЛСД при крајот на 60-тите години на 20 век, Гроф развива теорија според која бројни состојби на умот можат да се истражуваат и без дроги, со употреба на одредени техники на дишење. Сѐ уште работи во таа насока под логото „холотропско дишење“ ("Holotropic Breathwork").

Добитник е на наградата „Визија 97“ која ја доделува Фондацијата на Дагмар и Вацлав Хавел во Прага, на 5.10.2007 година.
Гроф е плоден писател. Тој е автор на бројни книги на тема употреба на ЛСД во психотерапијата, променети состојби на свеста и други методи за извршување на длабоко психоспиритуални активности.   

 Извор: Еровид и Википедија

Прашалник за насилство на јавни места

Реактор спроведува истражување за опсегот на насилство на јавните места, и за таа цел, меѓу другото спроведуваат онлајн анкета за да се дознае колку безбедно се чувствувате на јавни места.

Ве молиме да одвоите 10 до 15 минути од Вашето време и да го одговорите овој прашалник ОВДЕ.

Pages