Глобално истражување за хепатит Ц



Светската алијанса за хепатит спроведува глобално истражување за влијанието на хепатитот Ц врз личниот и социјалниот живот на лицата кои живеат со ХЦВ, врз нивниот образовен процес и работата и ги испитува искуствата со пружената помош, грижа и заштита. 

Собраните податоци ќе се користат за преиспитување на постоечките здравствени политики и за поттикнување на владите и креаторите на политики да направат повеќе во борбата против вирусниот хепатит.

Прашалникот од истражувањето е достапен и на македонски на следниов линк.
 
Ве молиме пополнете го прашалникот и проследете го понатаму до сите заинтересирани.

Употребата на дрога не треба да се поддржува, ниту треба да се криминализира

„Третирањето на зависниците од дрога како криминалци е предодредено да поттикне пораст на ХИВ и други инфекции, не само помеѓу оние доволно несреќните што имаат сериозна зависност од дрога, но исто така и помеѓу децата родени во семејства каде зависноста е присутна и помеѓу членовите на општата популација ... Интравенската употреба на дроги е здравствен проблем. Тоa е прашање на човековите права. Тоа не може да се поддржува, но ниту треба да се криминализира. "

(Меѓународна Федерација на здруженијата на Црвениот Крст и Црвената Полумесечина, Изјава до Комисијата на Обединетите нации за наркотични дроги, 55-та седница)

НЕМА ПРИДОБИВКИ ЗА ЖЕНИТЕ ОД ПРОЕКТОТ НА ФЗОМ

Мрежата за заштита од дискриминација во денешното соопштение за јавноста, ја изрази својата загриженост за најавениот Владин проект за побрза исплата на надоместокот на родилките, дека истиот ќе биде дополнителна пречка за жените да се вработат и да можат да ги остварат правата од работен однос. Имено, со овој проект исплатата на надоместокот за породилно отсуство треба да ја прават работодавците кои потоа треба да бараат од Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) да им ги врати парите.

„Заедница. Солидарност. Еманципација."

Денес е 1-ви ноември - Меѓународен ден на корисниците на дрога”, ден кога луѓето кои употребуваат дрога ја слават силата и разновидноста на својата заедница, солидарноста и еманципацијата. 

Овој ден го одбележуваме со изјавата на Меѓународната мрежа на луѓе кои употребуваат дроги” и повикуваме на прекин на "војната против дрогите", напуштање на идеите што водат кон забрана и криминализација и престанок на стигмата и дискриминацијата што ја оправдуваат т.н. "војна против дрогите" и резултираат во масовни повреди на човековите права на лицата кои употребуваат дроги и нивните најблиски.

Идејата за еден ден од годината да биде посветен на постоењето, достигнувањата, животот и работата на луѓето кои користат дроги и нивните акции што го менуваат светот, ја иницираше Холанѓанецот и активистот Тео ван Дам. 

ХОПС - Опции за здрав живот објавува оглас за работно место

​Здружението ХОПС-Опци за здрав живот Скопје за потребите на проектот “Prevention of HIV transmisions and drug use among resident population in the cros-border area” финансиран од страна на ЕУ објавува оглас за Проект менаџер/ка
 
Локација: Скопје
 
Времетраење на ангажманот: 24 месеци
 
Детални информации за потребни документи можете да најдете на следниов линк.
 

Хепатитот Ц е глобален јавно здравствен проблем ! Време е да се дејствува!

Приклучете се на глобалната иницијатива за подобрување на пристапот до превенција, третман и грижа за лицата кои употребуваат дроги и потпишете ја петицијата!

Правото на лекување на хепатит Ц во Македонија - привилегија или ...

​Обезбедувањето лекување на хепатит Ц е предизвик со кој се соочуваат многу земји и на прашањата поврзани со обезбедување пристап до истото, постојано се дебатира. 
 
Во Македонија во моментов, третманот за ХЦВ чини помеѓу 8.000 и 15.000 евра, цена што повеќето во земјава едноставно не можат да си ја дозволат, а Фондот за здравствено осигурување ги покрива трошоците само за мал број на пациенти.
 

Судот во Стразбур недостатокот на третман во затворите го спореди со тортура

Постојат повеќе паралели што можат да се направат помеѓу ХИВ и ХЦВ инфекцијата и доколку се осврнеме назад, ќе видиме дека можеме многу да научиме од историјата на лековите за ХИВ и од обезбедувањето на пристап до истите. 
 
Се чини дека Грузија е еден чекор напред пред останатите во овој процес. Огледувајќи се на добрата пракса со масивните набавки на ХИВ лековите, Владата на Грузија успеа да добие попуст за масивна набавка на лекови за хепатит Ц во 2013 г. и да ја намали цената на истите за 60 проценти. 
 
Како резултат на тоа, Грузија е втора земја во светот, после Египет, со најниски цени на лекови за хепатит Ц и важи за лидер во борбата против оваа болест. 
 

Повик на поднесување текстови за третиот број на списанието Дроги - Политики и практики

Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, Центар за едукации, документирање и истражување и Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ објавуваат повик за доставување авторски трудови за третиот број на списанието Дроги – Политики и практики.
 
Дроги – Политики и практики обработува теми поврзани со дроги, употреба на дроги, лекување зависности од дроги, но и други проблематики што се поврзани со главните теми, како што се: сексуална работа, ХИВ/СИДА, хепатитис Б и Ц, туберкулоза, права на маргинализирани групи/заедници, родови перспективи, пристап до информации од јавен карактер, истражувања, политики, застапување, граѓанско општество, активизам, социјална работа и политика, здравство.
 

Главна тема за третиот број е „Политики за намалување на штети“. Освен за главната тема, добродојдени се текстови и други содржини на било која тема поврзана со целите на списанието.

Краен рок за доставување на текстови и други информации е 08.10.2014 година.

Светската здравствена организација повика на декриминализација на личната употреба на дроги

Во извештајот што Светската здравствена организација го објави во јули оваа година со насоки за превенција, дијагноза, лекување и нега на ХИВ/СИДА помеѓу клучните популации, јавно повика на декриминализација на личната употреба на дроги.
 
Врз основа на податоците од овој извештај, во 49 земји, ризикот од инфекција со ХИВ во просек е 22 пати поголем кај луѓето кои инјектираат дроги отколку кај општата популација. Се проценува дека 40% од новите инфекции со ХИВ во Источна Европа се случуваат помеѓу луѓето кои инјектираат дроги и нивните сексуални партнери.
 
Во многу од овие земји острите казни за поседување на мали количини на дрога за лична употреба, како и задолжителниот притвор како вид на „третман” на луѓето кои употребуваат дроги, претставуваат бариери во спроведување на ефективни и ефикасни интервенции за ХИВ/СИДА помеѓу корисниците на дрога. Голем број од нив се плашат да побараат здравствени услуги бидејќи се плашат од законски последици и остануваат надвор од опфатот на постоечките сервиси за ХИВ/СИДА и од здравствениот систем.
 
Затоа СЗО препорачува:
- Државите треба да работата на развивање политики и закони кои ќе го декриминализираат инјектирањето и другите начини на употреба на дрогите и со тоа да го намалат бројот на затвореници.

 

Pages