Дали може водството на ОН да ги поправи лошите политики за дрога?

​Минатиот месец, 1000 застапници даватели на услуги, лидери на заедници, истражувачи и владини претставници се состанаа во Куала Лумпур на 24-тата Меѓународнa конференција за намалување на штети од употреба на дроги. Оваа година конференцијата се одржа во Азија со цел да се разгледаат  негативните последици од репресивните политики за дроги.

Малезија е избрана од две причини. Да се потенцира на добрата и лошата посветеност на Малезија, за подобрување на животот на лицата кои употребуваат дроги од страна на зајакнување на службите за намалување на штети и третмани за дроги базирани на доказ. Другата причина е смртната казна која сеуште постои за дела поврзани со дрога. При првиот пристап само стотици луѓе добиваат метадонска терапија, додека блиску до илјада се осудени на смртна казна за дела поврзани со дрога.

Финасирање на програмите за намалување на штети во Хрватска

Во периодот од 18 до 22 мај, здруженијата на граѓани ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување организираа студиска посета во Република Хрватска, чија цел беше да се стекнат информации и знаење за механизмот на финансирање на програмите за превенција на ХИВ/СИДА. Учесници на посетата беа претставници од клучните институции и министерства што се надлежни за ова прашање во Македонија: Министерството за здравство, Министерството за труд и социјална политика, Град Скопје, Одделението за имплементација на проектот за превенција на ХИВ/СИДА од Глобалниот фонд при Министерството за здравство, една пратеничка во македонскиот Парламент, како и по еден претставник од здруженијата на граѓани ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, „ХЕРА“ и „Заедно посилни“.

Повик до Министерството за здравство за соодветен закон за медицинска употреба на канабис

​Денес 24.12.2015, во Холидеј Ин се одржа прес конференција од страна на ХОПС. Како причина е новиот закон во врска со медицинската употреба на канабисот. ХОПС смета дека треба да се донесе посебен закон со кој ќе се регулира медицинската употреба на канабисот во Македонија.  За таа цел ги повикуваме надлежните институции да креираат простор за стручна и јавна дебата во насока на изнаоѓање на најсоодветен модел за регулирање на медицинската употреба на канабис во Македонија. Како организација која долги години ја следи состојбата во Македонија и трендовите во светот, спремни сме да придонесеме во овој процес со своето искуство и експертиза.

Ставот и видеото од прес конференцијата на „ХОПС – Опции за здрав живот Скопје“ за медицинската употреба на канабис во Македонија можете да го најдете на овие два линка:

Содржините можете слободно да ги превземете.

ХОПС – Опции за здрав живот Скопје за медицинската употреба на канабис во Македонија

​ХОПС – Опции за здрав живот Скопје  на денешната прес конференција го повикаа Министерството за здравство да креираат соодветен закон кој ќе одговори на потребите на сите кои ќе го користат канабисот при различни здравствени состојби.

ХОПС смета дека треба да се донесе посебен закон со кој ќе се регулира медицинската употреба на канабисот во Македонија.  Истиот треба да озвозможи лесен пристап до евтини лекови, вклучително и масло од канабис, во аптеки или специјални продавници, но и можност за сопствено одгледување за оние пациенти кои не се во состојба да ги купуваат лековите или имаат желба сами да го подготвуваат сопствениот лек. Начините и формите на употреба на канабисот се разликуваат во зависност од видот на болеста или здравствената состојба, затоа канабисот за медицинска употреба треба да биде достапен во различни форми (за пушење, вапоризирање, во капсули, за јадење или во форма на масло од канабис). Исто така, употребата на канабисот во медицински цели не треба да биде условена со конвенционалната медицинска пракса. Официјалниот став на организацијата може да го преземете од тука.

Одбрани трите статии на тема: „Сексуалната работа во Македoнија“

​Здружението „ХОПС - Опции за здрав живот Скопје“ по повод 17 декември - Меѓународен ден за борба против насилството врз сексуалните рабтоници, спроведе јавен повик за новинарски статии на тема: „Сексуалната работа во Македoнија“.  

Од пристигнатите текстови, Комисијата за избор ги награди следните:

Прва награда: Билјана Зафирова - „Сексуални работнички-достоинствени во изборот, а не обележани од општеството“.

Втора награда: Сунаи Сабриоски - „Декриминализација на сексуалната работа во Македонија“.

-Трета награда: Александар Самарџиев - „Здравјето на сексуалните работнички во рацете на невладиниот сектор“.

Им честитаме на наградените новинари, а воедно им забалгодаруваме на сите оние кои покажаа интерес и испратија текстови кои ги објавиле во медиумите, а со тоа и се обидоа да дадат придонес во промена на перцепција за  работата и правата на сексуалните работници од страна на медиумите.

Иднината на програмите за намалување на штети од употреба на дроги во Македонија

Програмите за намалување на штети од употреба на дроги во Македонија датираат од 1996 година кога Асоцијацијата за социокултурни активности „МАСКА“ ја отвори првата Програма за размена на прибор за инјектирање, што следната година ја продолжи ХОПС – Опции за здрав живот Скопје. Оттогаш до денес во Македонија се развиени вкупно 16 програми за намалување на штети, од кои четири се во Скопје и по една програма во други 13 градови. Програмите за намалување на штети од употреба на дроги во Македонија се карактеризираат со нивната комплементарност, односно тие нудат повеќе услуги на едно место – стерилен прибор за инјектирање, кондоми, услуги од медицинско лице, социјален работник, теренска работа, тестирање за ХИВ и хепатит Ц, а во 6 градови и бесплатна правна помош. Токму поради оваa карактеристика овие програми се препознаени како добра пракса не само во регионот туку и пошироко, и голем број на студиски посети се реализирани во Македонија каде што учесници од разни земји ги посетиле програмите на ХОПС во Скопје и стекнувале знаење за тоа како да се развива успешна програма за намалување на штети од употреба на дроги.

Тортура не е култура!

​Денес е 17 декември, меѓународен ден за борба против насилството врз сексуалните работници. Сексуалните работници во светот се соочуваат со насилство. Македонија не е исклучок од ова.

Според последното истражување на  ХОПС за оваа година, од 310 сексуални работници, 211 сексуални работници или 68,1% од испитаните потврдиле дека биле малтретирани поради сексуалната работа. Загрижувачки е што повеќе од 12% од испитаните сексуални работници навеле дека барем еднаш биле подложни на сексуално насилство, додека 10% од испитаниците биле присилени од страна на клиентите да имаат сексуален однос без кондом. Спротивно на нивната волја, притоа изложувајќи ги на ризик од пренесување на заразни болести.

Oбука за теренски истражувања поврзани со туберкулоза

На 11 декември 2015 во НВО центар Скопје, ХОПС организираше обука на теренски истражувачи за потребите на Истражувањето за процена на знаењата, ставовите и практиките поврзани со туберкулоза застапени помеѓу групите најранливи за туберкулоза во Република Македонија. Со оваа обука и официјално започна фазата на собирање на податоци која ќе трае до крајот на јануари 2016. Истражувањето ќе се  спроведува во 9 градови низ државата и ќе опфати луѓе кои употребуваат дроги, клиенти на супституционен третман, сексуални работници/-чки, бегалци / внатрешно раселени лица / баратели на азил, осуденици кои издржуваат затворска казна, луѓе кои живеат со ХИВ и припадници на ромската заедница. Се очекува резултатите од истражувањето да бидат објавени во мај наредната година и да се користат за унапредување на контролата на туберкулоза во Македонија. 

Обука за претставници на локалната самоуправа за одржливост на програми за намалување на штети од употреба на дроги и превенција од ХИВ/СИДА

Здружението „ХОПС - Опции за здрав живот Скопје“ во рамки на своите активности организираше тродневна  обука за претставници на локалната самоуправа за одржливост на програми за намалување на штети од употреба на дроги и превенција од ХИВ/СИДА, која се одржа во периодот од 14 до 16 декември во Охрид.

Интернет платформата за донирање

​Затоа што секое дете заслужува исполнето и среќно детство „ХОПС“ заедно со уште  16 граѓанските организации кои спроведуваат превентивни активности за ХИВ и туберкулоза, како дел од нивната програма за самоодржливост, преку Националниот координативен механизам(НКМ), денес ја започнува кампањата за собирање средства наменети за клучните заедници. Градењето на оваа платформа е неопходен чекор бидејќи во 2016 година завршува проектот на Глобалниот Фонд (ГФ) и финансирањето на превентивните програми за ХИВ и туберкулоза во Македонија, со цел обезбедување на одржливост на сервисите за превенција,третман, грижа и поддршказа ХИВ/СИДА и туберкулоза во Македонија.

Pages