Место билет за концерт, ХИВ тест

​Светскиот ден на СИДА-та се одржува на 1-ви декември секоја година ,и е можност за луѓето во светот да се обединат во борбата против ХИВ, каде ја покажуваат својата поддршка за луѓето кои живеат со ХИВ и оддаваат почит за оние кои починале. Светскиот ден на СИДА-та започнува да се одбележува за првпат во 1988 година. Во знак на поддршка се носи црвена панделка и се оддржуваат различни ивенти. 

Данскиот пејач Томас Мучимба Бутеншон, кој е роден  со ХИВ, прави концерт за подигање на свеста. Оние кои ќе дојдат на концертот, место да добијат карта ќе добијат ХИВ тест.

Школа за феминизам

Актуелните медиумски репрезентации и доминантните институционални и политички расправи ја карактеризираат нашата денешница како време во кое глобалната историска борба за правата на жените е добиена битка и родовата еднаквост е остварена и присутна во секоја сфера на општествениот, политичкиот и културниот живот. Потребата од остра, продлабочена и интензивна критика која би продрела во коренот на проблемите произлезени од родовата поделба, уредување и организација на општествениот живот се чини како слика на минатото што денес со гордост го изучуваме како историска епизода и завршена приказна.
Меѓутоа, состојбите на пазарот и поделбата на трудот, културните репрезентации, распределбата на моќ, организацијата на општествените институции, глобалните миграции и родово организираната мобилност на работната сила и вреднување на трудот, сеуште закоравените стереотипи во поп-културата, и цврстата и нормализирана поделба на родовите улоги во бипартитниот родов систем, укажуваат на фактот дека сексизмот, мизогинијата и родовото насилство сеуште демнат во секој агол од медиумите, интернетот, и се разбира во семејниот, општествениот и политичкиот живот. Стигматизацијата и негативните „кампањи“ насочени против феминизмот, кои истиот го банализираат претставувајќи го како движење што има за цел мажите да ги подреди на жените, и против сите индивидуалки и активистки кои своите политички заложби ги дефинираат како феминистички, се најдобар пример за анксиозноста и предрасудите на конзервативниот и паланечки општествен ум наспроти феминизмот како мислење, движење и критика на доминантните општествени модели на организација на половиот живот. 

Црвениот фустан

​Џејми Блек, аборџинска уметничка од Винипег, пред 5 години го започнува проектот „Црвен фустан“ во името на сите убиени и исчезнати аборџински жени.

Речиси 1.200 аборџински жени во Канада биле убиени или исчезнати во последните 30 години, 225 само во 2014 година, според Кралската канадска коњичка полиција. Блек на уметнички начин сака да го привлече вниманието за овој реален проблем, создава визуелен потсетник за жените кои повеќе не се присутни. Секој фустан е "симбол на насилство кои се соочуваат домородните жени, но исто така е симбол на моќта на една заедница која се здружува во борбата против ова насилство " - Блек.

СЗО советува: понудете антиретровирусни лекови како дополнителен избор за превенција за луѓе кои живеат со ХИВ

​Секој треба да започне со антиретровирусна терапија, веднаш по дијагнозата што е можно побрзо. Со препораката "Третман за сите"  СЗО мотивира и ги отстранува сите ограничувања во врска со антиретровирусна терапија (АРТ) за луѓето кои живеат со ХИВ. Сега луѓето од сите старосни групи имаат право на лекување.

Неодамнешните наоди од клиничките испитувања потврдуваат дека луѓето со ХИВ кои користат АРТ од самиот почеток, имаат поздрав и подолг живот. Со примање на терапијата се намалува и ризикот од пренесување на вирусот од партнер на партнер. СЗО советува дека секој со потенцијален ризик да биде инфициран треба да му се понуди превентивно антиретровирусен третман. Оваа нова препорака се базира врз основа на новиот водич на СЗО - "Упатство кога да се почне антиретровирусна терапија и пред-експозициона профилакса за ХИВ“.

Повик за поднесување текстови за шестиот број на списанието „Дроги – Политики и практики“

 

 

 

 

Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, Центар за едукации, документирање и истражување и Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ објавуваат повик за доставување авторски трудови за шестиот број на списанието Дроги – Политики и практики.

Дроги – Политики и практики обработува теми поврзани со дроги, употреба на дроги, лекување зависности од дроги, но и други проблематики што се поврзани со дроги, како што се: млади и дроги, сексуална работа и дроги, ХИВ/СИДА и дроги, хепатитис Б и Ц и дроги, туберкулоза и дроги, права на маргинализирани групи/заедници и дроги, родови перспективи и дроги, пристап до информации од јавен карактер и дроги, истражувања за дроги, политики за дроги, застапување и дроги, граѓанско општество и дроги, активизам и дроги, социјална работа и политика и дроги, здравство и дроги итн.

Потпишан меморандум за соработка помеѓу ХОПС и Град Скопје

Здружението „ХОПС - Опции за здрав живот Скопје“ и Град Скопје потпишаа Меморандум за соработка со цел успешна реализација на проектот „Превенција на ХИВ и употреба на дроги помеѓу граѓаните од пограничните области”. Со Меморандумот се утврдува зедничкото учество во процесот на изготвување на локалната Стратегија за превенција на ХИВ за кај заедниците под најголем ризик за Град Скопје.

Целта на меморандумот е да се зацврсти и промовира партнерството меѓу граѓанскиот и јавниот сектор и да се воспостават одржливи механизми за превенција на ХИВ. Со овој Меморандум, Здружението „ХОПС - Опции за здрав живот Скопје“ и Град Скопје се обврзуваат да реализираат одредени активности во насока на изготвување, донесување – усвојување и поддршка во спроведување на акцискиот план од истата.

„Неуспесите на системот за правда“ - публикација на SWAN

SWAN ја претставува публикацијата „Неуспесите на системот за правда“ каде се пренесени искуствата на сексуалните работници/-чки поврзани со системско и несистемско насилство врз сексуалните работници/-чки и потрагата за безбедност и надомест на штета. Истражувачкиот проект е спроведен во Централна и Источна Европа и Централна Азија. Студијата е спроведена во 16 земји од именуваните региони, под водство на локални истражувачки тимови составени од сексуални работници/-чки и поддржувачи со заеднички вложени напори.

Започна процесот на развивање на локални стратегии за ХИВ

​Здружението „ХОПС - Опции за здрав живот Скопје“ во рамките на проектот „Превенција од ХИВ и употреба на дроги помеѓу граѓаните од пограничните области“, одржа обука за оспособување на учесниците со напредни знаења за стратешко и акциско планирање, каде и започна креирањето на четири локални стратегии за превенција на ХИВ за Град Скопје, општините Куманово, Гостивар и Тетово кои треба да бидат усвоени од советите на локалните самоуправи. На обуката учествуваа претставници од советите на локалните самоуправи, јавните институции (центри за јавно здравје, инфективните клиники, меѓуопштинските центри за социјална работа, претставници од локалните Сектори за внатрешни работи (СВР), граѓански организации кои работат со маргинализирани заедници).

Алатка за проверување казни и закони за дроги во Европа

Од страна на Европскиот центар за дрога и зависности од дрога е направена алтка за истражување и споредување на казните или рехабилитационите одговори за прекршочни дела поврзани со дрога (употреба, поседување за лична употреба или продажба) за повеќето земји во Европа. Алатката исто така ви овозможува да видите како казните и законите се разликуваат во однос на видот и количината на дрогите, зависноста или рецидивите на сторителот.

За да ги споредите казните или други одговори, прво изберете еден вид на дело поврзано со дрога (употреба, поседување за лична употреба или продажба) и штиклирајте ја земјата или повеќе земји за кои сакате да дознаете какви се законските решенија за тие. 

Македонија е ставена како земја со ограничени информации, затоа нема да можете да ги проверите законите и казните.

Линк каде може да ги направите проверките и споредбите: http://bit.ly/1OX0CAy.

Петиција против Мартин Шкрели, да ја намали цената на лекот Дараприм пред да починат повеќе луѓе од СИДА

​32-годишниот Мартин Шкрели, основач и шеф на "Turing Pharmaceuticals", ги откупи правата за изработка на лекот против СИДА - Дараприм кој се користи за лекување на заболени од рак, бебиња кои имаат недоволно развиен имунолошки систем, мали деца кои се родени со СИДА и заболени од тропски болести како маларија или токсоплзмоза. Лекот претходно чинел 13,50 долари, а сега чини 750! Зголемување на цената значи дека здраствените институции нема да бидат способни да ги покријат овие трошоци за третман, а со тоа ќе се зголеми смртноста помеѓу лицата со ХИВ.

Заедниците на луѓе со ХИВ повикуваат на глобален протест, против цинизмот и алчноста на Мартин Шкрели по цена на животите и здравјето на луѓе кои живеат со ХИВ.

Петицијата може да ја потпишете овде: http://chn.ge/1WmkRd9

Pages