Лора Фер

​Лора Фер - активистка, жена, борец, инспирација. Толку многу можеме да кажеме за тебе (или можеби , премалку зборови за сета големина што беше). Твојата енергија и љубов беше мотивација за сите нас. Твојата храброст, посветеност и гласност во борбата за правата на сексуалните работници/чки, геј и трансродни лица, за сите различни, отфрлени, непризнаени остави печат и пример засекогаш. Со тебе започнавме многу заеднички борби : Првиот Марш на црвените чадори, првите јавни проговорувања за реалноста на сексуалните работници/чки, првите чекори и придвижувања на заедницата кон самоорганизирање и поддршка.  Сѐ што работеше беше со посебна посвета и енергија. Се даваше себе си. Беше и ќе останеш инспирација. Беше и остана своја. Почивај во мир Лора.

Интервју со Елизабета Божиноска - ХЕРА

  •  ХЕРА е вклучена во инцијативата за изработка на „Локалната стратегија за ХИВ на Град Скопје“. Што мислите за оваа инцијатива?

Ја поздравуваме иницијативата за изработка на стратешки документ којшто ќе одговори на потребите поврзани со ХИВ на локално ниво, особено што според проценките најголем процент од групите под особен ризик од  ХИВ (околу 25%)живеат токму на територија на градот Скопје. Временскиот период на оваа инцијатива е многу значаен, имајќи предвид дека Глобалниот фондкако најголем меѓународен донатор за ХИВ, којшто инвестираше изминатите 12 години во скоро сите сервиси за ХИВ превенција раководени од граѓанските организации, се повлекува од земјата до крај на 2016 година. Една од можностите за одржливост на веќевоспоставените успешни сервиси за ХИВ кои ги опслужуваат ранливите и маргинализираните граѓани,  е нивно интегрирање во програмите и буџетите на локалната самоуправа. Очекуваме и останатите општини во иднина, суштински да се вклучат во креирање на програми за ХИВ, особено во поддршка на сервиситеза лицата кои инјектираат дрога, мажите кои имаат секс со мажи, сексуалните работници/чки, луѓето што живеат со ХИВ и младите.

Повик за регрантирање на граѓански организации, здруженија, асоцијации и фондации

                           

Регрантовата шема на ХОПС – Опции за здрав живот Скопје се спроведува во рамките на проектот Превенција на ХИВ и употреба на дроги помеѓу граѓаните од пограничните области, финансиран од Европската унија во рамките на ИПА Програмата за погранична соработка Косово - Македонија.

Проектот се спроведува во осум погранични општини од кои четири во Република Македонија. Општините опфатени преку проектот се: Општина Тетово, Општина Гостивар, Општина Куманово и Град Скопје. Покрај ХОПС - Опции за здрав живот Скопје како носител на проектот, партнери во акцијата се три локални организации од соодветните општини: Асоцијација за здрави животни стилови ПУЛС - Куманово, Центар за развој и унапредување на јавниот живот – Тетово и здружение Хелп – Гостивар.

Регрантирањето се одвива по принцип на објавување рестриктивен јавен повик за граѓански организации, здруженија, асоцијации и фондации, а се однесува на четирите општини во кои се спроведува проектот или Град Скопје, општините Куманово, Тетово и Гостивар.

Покана за учество на јавна дебата

​Здружението „ХОПС - Опции за здрав живот Скопје“ ги поканува сите засегнати страни да учествуваат на Јавната дебата за Локалната стратегија за заштита од ХИВ на Град Скопје и за Акцискиот план за остварување на Локалната стратегија за заштита од ХИВ на Град Скопје.

Меѓународен видео натпревар за дроги и човекови права

Војната против дрогата која се води глобално е повеќе од очигледно дека не е успешна. Тоа е причината зошто „Глобална размена“ започнува натрпревар за видео запис, како дел од караванот за „Мир, живот и правда“.  Тука се бараат приказните и од самите заедници.

Соби за инјектирање и во Словенија

​Словенија е земјата која од март 2016 има пилот проект за отварање на соби за инјектирање. Овој проект ќе има две фази. Во првата фаза ќе има мониторинг со што ќе се следат промените во однесувањето на корисниците на дрога, промени во нивната здравствена состојба и развој на програмите за намалување на штети. Втората фаза на евалуација ќе се фокусира на локалната заедница и промени во локалната средина: бројот на употребени игли во заедницата, намалување на употреба на дроги на јавни локации, намалување отпадоците при вбризгување на јавни локации - Борут Бах, претседател на НВО. Националниот институт за јавно здравје ќе биде одговорен за надгледување, следење и оценување на пилот програмата.

Неформалното образование како поттикнувач на општествени промени

„Умот не е брод што треба да се полни, туку оган што треба да се разгори.“ – Плутарх

Процесот на учење започнува веднаш по раѓањето. Учиме преку примери од непосредната околина, преку лични доживувања, имитираме, повторуваме, експериментираме, истражуваме, осознаваме. Учиме преку читање, пишување, дискутирање, искусување. Учиме секојдневно, учиме постојано. Ова постојано ми се потврдува низ моето професионално искуство. Желбата и потребата за нови знаења и искуства не запираат, дури и тогаш кога давам отпор.

На почетокот на моите студии во областа социјална работа и социјална политика мислев дека сето она што ќе го научам за време на сите предавања, вежби и практична работа ќе ме направи социјален работник. Како поминуваа годините, така сфаќав дека е потребно многу повеќе од предавања, вежби и практична работа. Па, во потрага по знаење и искуство започнав да посетувам обуки и семинари, некои поврзани со областа на студирање, а некои од други сосема поразлични области. Кога го започнав овој процес почнав да го разбирам и значењето на учењето преку искуство, кое во тоа време го доживував преку волонтирање. Откривајќи го светот на неформалното образование, дознавав колку е тоа значајно за оформувањето на личноста на професионалецот. Со секоја обука станував сè повеќе и повеќе свесна за светот околу мене.

Повик за обучувач за Зимска школа за превенција на дроги и ХИВ во Косово

НВО Лавиринт во соработка со здружението „ХОПС - Опции за здрав живот Скопје“ организира петдневна Зимска школа за превенција на дроги и ХИВ, преку проектот „Превенција на ХИВ и употреба на дроги помеѓу граѓаните од пограничните области“.

Зимската школа ќе се одржи во период од 07.03.2016 – 11.03.2016 (понеделник - петок), со што ги покануваме сите заинтересирани кандидати да се пријават за следнава позиција:

  • Обучувач.
    • Локација на одржување: Приштина, Косово.
    • Период на ангажман: еден месец.
    • Број на обучувачи: 3.
    • Земја на потекло: двајца обучувачи од Косово и еден обучувач од Македонија.

Реакција до дневниот весник ВЕСТ за статијата - „По најавата дека канбисот ќе се легализира за медицински цели масло од мархуана се бара дваесет пати повеќе“

На  веб страна на ВЕСТ, на 14 февруари објавен е текст со наслов По најавата дека канабисот ќе се легализира за медицински цели масло од мархуана се бара дваесет пати повеќе“ во кој во повеќе наврати цитирате дека дадените информации се дадени од Здружението ХОПС Опции за здрав живот Скопје.

За дадениот текст Ваша новинарка побара изјава од ХОПС за што го доби следното како информација:

  • Ставот на организацијата во однос на предложениот закон за измена и дополнување на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци што меѓудругото подразбира канабисот во повеќе форми да биде доставен како лек, не само во форма на масло и да може да го препишуваат повеќе специјалисти;
  • Анализата која ХОПС ја направи за предложениот Закон која покажа дека со законот се огничуваат состојбите за кои ќе се препишува лекот;
  • Информација дека побарувачката за масло порасна последните години од кога порасна и потребата (не по најавата за законот) и дека е генерално зголемена е цената (а не 20 пати како што стои во текстот).

Како организација не сме дале изјава за цената на маслото, како и за начинот на употреба. Информациите за цените ги добиваме од корисниците и лица кои се јавуваат кај нас, но ние не соопштивме никакви цени.

Поради тоа бараме да го корегирате текстот соодветно на дадените изјави од ХОПС и да се избрише ХОПС од цитатите за кои не сме дале изјава.

Со почит Христијан Јанкулоски - извршен директор.

                                                                                                                                                                                                    

Годишен состанок на едукаторите за туберколоза

На 05.02.2016, се одржа Годишен консултативен состанок за имплементација на проектот „ДОТС интервенции во РМ“. 36 едукатори за туберкулоза од 32 имплементирачки организации и институции од 15 градови низ републиката се собраа во Скопје да поразговараат за резултатите, искуствата и предизвиците во напорите за превенција на туберкулоза помеѓу ранливите групи.

Помеѓу резултатите од претходната година, истакнато беше дека во рамки на 547 едукативни сесии,  вкупно 2980 лица (клиенти на субституционен третман, луѓе кои употребуваат дроги, сексуални работници/-чки, затвореници, бегалци/баратели на азил, луѓе кои живеат со ХИВ и Роми) добиле информации за превенција, рано откривање и соодветно лекување на туберкулоза.

Pages