Потенцијална ХИВ вакцина

​Роберт Ц. Гало, е еден од најпознатите биомедицински истражувачи во САД, се смета за ко-откривач на вирусот на хумана имунодефициенција (ХИВ). Гало утврдил дека вирусот го предизвикува синдромот на стекната имунодефициенција (СИДА), а воедно го има создадено и ХИВ тестот.

По 31 година, Гало со неговиот тим на Универзитетот во Мериленд Факултетот на Институтот за човекови вирологија, работи на потенцијална револуционерна ХИВ вакцина, за која вели дека вакцината се обидува да го блокира вирусот пред да може да ги нападне Т-клетките на телото и да мутира.

Заврши летната школа за „Превенција на ХИВ и употреба на дроги помеѓу граѓаните од пограничните области“

​Се одржа петтдневна летна школа во Охрид, во рамките на проектот „Превенција на ХИВ и употреба на дроги помеѓу граѓаните од пограничните области“. Учествуваа 30 студенти/апсолвенти од правен факултет, медицински факултет, социјална работа и социјална политика, психологија и полициска академија и безбедност како и млади експерти со завршено високо образование од овие факултети. Петнаесет учесници беа од Македонија и петнаесет од Косово.

Се одржа Форум на граѓанското општество за дроги

​Форумот на граѓанското општество за дроги кое е експертско тело на Европската комисија одржа состанок во Брисел на 5 и 6 Октомври. Форумот е составен од 45 членки и негова задача е да ги советува ЕУ институциите и земјите членки при изработката на соодветни документи и програми  поврзани со дрогите, како на пример стратегијата за дроги на ЕУ.  

ХОПС  е членка на форумот веќе трет мандат  и како единствена членка од земјите кандидатки за членство на ЕУ посебен придонес дава во застапувањето на интересите на Македонија и другите земји од регионот.

Кафе бар за намалување на штети

Во текот на 2012 година, HIT  - (организација која работи со проблематиката во врска со дрога и човекови права), започна сајт „Кафе бар за намалување на штети“ со цел да се создаде платформа и вмрежување на лицата кои се дел од програмите за намалување на штети. Многу од нив се со исти идеи и размилувања, повеќето се среќаваат на конференции и настани, но многумина од нив не можат да присуствуваат на самите конференции, затоа е отворен овој кафе бар, за да се намали изолираноста од информациите и можност за размени на идеи и договарање на лични средби.

Место билет за концерт, ХИВ тест

​Светскиот ден на СИДА-та се одржува на 1-ви декември секоја година ,и е можност за луѓето во светот да се обединат во борбата против ХИВ, каде ја покажуваат својата поддршка за луѓето кои живеат со ХИВ и оддаваат почит за оние кои починале. Светскиот ден на СИДА-та започнува да се одбележува за првпат во 1988 година. Во знак на поддршка се носи црвена панделка и се оддржуваат различни ивенти. 

Данскиот пејач Томас Мучимба Бутеншон, кој е роден  со ХИВ, прави концерт за подигање на свеста. Оние кои ќе дојдат на концертот, место да добијат карта ќе добијат ХИВ тест.

Школа за феминизам

Актуелните медиумски репрезентации и доминантните институционални и политички расправи ја карактеризираат нашата денешница како време во кое глобалната историска борба за правата на жените е добиена битка и родовата еднаквост е остварена и присутна во секоја сфера на општествениот, политичкиот и културниот живот. Потребата од остра, продлабочена и интензивна критика која би продрела во коренот на проблемите произлезени од родовата поделба, уредување и организација на општествениот живот се чини како слика на минатото што денес со гордост го изучуваме како историска епизода и завршена приказна.
Меѓутоа, состојбите на пазарот и поделбата на трудот, културните репрезентации, распределбата на моќ, организацијата на општествените институции, глобалните миграции и родово организираната мобилност на работната сила и вреднување на трудот, сеуште закоравените стереотипи во поп-културата, и цврстата и нормализирана поделба на родовите улоги во бипартитниот родов систем, укажуваат на фактот дека сексизмот, мизогинијата и родовото насилство сеуште демнат во секој агол од медиумите, интернетот, и се разбира во семејниот, општествениот и политичкиот живот. Стигматизацијата и негативните „кампањи“ насочени против феминизмот, кои истиот го банализираат претставувајќи го како движење што има за цел мажите да ги подреди на жените, и против сите индивидуалки и активистки кои своите политички заложби ги дефинираат како феминистички, се најдобар пример за анксиозноста и предрасудите на конзервативниот и паланечки општествен ум наспроти феминизмот како мислење, движење и критика на доминантните општествени модели на организација на половиот живот. 

Црвениот фустан

​Џејми Блек, аборџинска уметничка од Винипег, пред 5 години го започнува проектот „Црвен фустан“ во името на сите убиени и исчезнати аборџински жени.

Речиси 1.200 аборџински жени во Канада биле убиени или исчезнати во последните 30 години, 225 само во 2014 година, според Кралската канадска коњичка полиција. Блек на уметнички начин сака да го привлече вниманието за овој реален проблем, создава визуелен потсетник за жените кои повеќе не се присутни. Секој фустан е "симбол на насилство кои се соочуваат домородните жени, но исто така е симбол на моќта на една заедница која се здружува во борбата против ова насилство " - Блек.

СЗО советува: понудете антиретровирусни лекови како дополнителен избор за превенција за луѓе кои живеат со ХИВ

​Секој треба да започне со антиретровирусна терапија, веднаш по дијагнозата што е можно побрзо. Со препораката "Третман за сите"  СЗО мотивира и ги отстранува сите ограничувања во врска со антиретровирусна терапија (АРТ) за луѓето кои живеат со ХИВ. Сега луѓето од сите старосни групи имаат право на лекување.

Неодамнешните наоди од клиничките испитувања потврдуваат дека луѓето со ХИВ кои користат АРТ од самиот почеток, имаат поздрав и подолг живот. Со примање на терапијата се намалува и ризикот од пренесување на вирусот од партнер на партнер. СЗО советува дека секој со потенцијален ризик да биде инфициран треба да му се понуди превентивно антиретровирусен третман. Оваа нова препорака се базира врз основа на новиот водич на СЗО - "Упатство кога да се почне антиретровирусна терапија и пред-експозициона профилакса за ХИВ“.

Повик за поднесување текстови за шестиот број на списанието „Дроги – Политики и практики“

 

 

 

 

Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, Центар за едукации, документирање и истражување и Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ објавуваат повик за доставување авторски трудови за шестиот број на списанието Дроги – Политики и практики.

Дроги – Политики и практики обработува теми поврзани со дроги, употреба на дроги, лекување зависности од дроги, но и други проблематики што се поврзани со дроги, како што се: млади и дроги, сексуална работа и дроги, ХИВ/СИДА и дроги, хепатитис Б и Ц и дроги, туберкулоза и дроги, права на маргинализирани групи/заедници и дроги, родови перспективи и дроги, пристап до информации од јавен карактер и дроги, истражувања за дроги, политики за дроги, застапување и дроги, граѓанско општество и дроги, активизам и дроги, социјална работа и политика и дроги, здравство и дроги итн.

Потпишан меморандум за соработка помеѓу ХОПС и Град Скопје

Здружението „ХОПС - Опции за здрав живот Скопје“ и Град Скопје потпишаа Меморандум за соработка со цел успешна реализација на проектот „Превенција на ХИВ и употреба на дроги помеѓу граѓаните од пограничните области”. Со Меморандумот се утврдува зедничкото учество во процесот на изготвување на локалната Стратегија за превенција на ХИВ за кај заедниците под најголем ризик за Град Скопје.

Целта на меморандумот е да се зацврсти и промовира партнерството меѓу граѓанскиот и јавниот сектор и да се воспостават одржливи механизми за превенција на ХИВ. Со овој Меморандум, Здружението „ХОПС - Опции за здрав живот Скопје“ и Град Скопје се обврзуваат да реализираат одредени активности во насока на изготвување, донесување – усвојување и поддршка во спроведување на акцискиот план од истата.

Pages