Лордовите на трговијата со дрога слават 55-години прохибиција

​Пред 55 години Обединетите нации го усвоија првиот меѓународен договор за забрана на некои дроги - особено дроги кои се користат од страна на не-Европејци како канабис, кокаин и хероин. Логиката на системот е едноставен: секоја употреба на дроги од наведената листа, освен ако се употребува за медицински или научни цели, ќе се смета за "злоупотреба". Како резултат на оваа Конвенција, несанкционираното производство и трговија на овие дроги стана криминал во сите земји-членки на ОН. Сега е јасно дека казнените политики на дроги имаат неколку ненамерни последици: причина за глобална епидемија на ХИВ, го поткопа системот за јавно здравје, резултира со криза во кривични судски систем, доведе до сериозни повреди на човековите права и се создаде голем нелегалниот пазар во вредност на годишно ниво од речиси 400 милијарди долари.  Драгрепортер на хумористичен начин во 2011 започна  кампања за застапување, за да се подигне свеста за трошоците во глобалната војна против дрогите и изгубените човечки животи и нарушувања  човековите права. Пред да се случи Генералното собрание на ОН кое ќе одржи специјална седница (УНГАСС) за дроги, во април 2016 година, да ги погледнеме видеата.

Последен ден за поддршка поради загриженоста за состанокот на ОН за ставање крај на СИДА-та

AIDSHLM2016 сметаат дека има алармантни знаци дека некои земји членки на ОН ја деприоритизираат состојбата со ХИВ, а со тоа на состанокот во јуни нема да пристапат со сериозност кон оваа проблематика. Со тоа тешко дека на состанокот на високо ниво ќе се  донесе финансиска, политичка и програмска определба, потребниа до 2030 година за да се стави крај на СИДА-та, што е закана за јавното здравје.

Оваа изјава на граѓанското општество поставува барања за кои не се преговара, неопходни за состанокот на високо ниво за да се смета за успешен и е насловен документ за застапување, кој е во координација со документотот воден од ИЦАСО – „Визија на граѓанското општество на Средбата на високи претставници за СИДА“: Ги охрабруваме групите да ги поддржат двата документи бидејќи содржат зајакнувачки цели.

AIDSHLM2016 сакаат што повеќе организации и мрежи низ целиот свет, да ја потпишат оваа ИЗЈАВА така што заедно можеме да се испратиме јасна порака до земјите-членки на ОН во врска со нивното учество на состанокот и одлуките и нашите очекувања.

Ве молиме да се пријавите со вашата организација со испраќање на името на организацијата и земјата од која доаѓа организацијата на mike@stopaids.org.uk

Денес 4-ти април е последен ден кога може да ја дадете поддршката.

САД со поддршка за програмите за намалување на штети од употреба на дроги

САД со поддршка за програмите за намалување на штети од употреба на дроги. На 29 март 2016 година беше објавено дека Соединетите американски држави го менуваат ставот за политиките за дроги и дека почнуваат да ги поддржуваат програмите за намалување на штети од употреба на дроги. Промената на политиката значи дека од федералниот буџет ќе бидат издвоени средства за набавка на стерилни игли, шприцови и налоксон, кои ќе бидат бесплатно дистрибуирани до луѓето кои инјектираат дроги. Со средства од федералниот буџет ќе се финансираат и обуки за намалување на штети и програми за лекување на зависности со примена на супституциска терапија. Оваа одлука беше поздравена од поборниците за политиките за намалување на штети, но тие исто така изразија разочарување поради тоа што Белата куќа продолжува да ги поддржува политиките на прогон и криминализација, со што се продолжува прекршувањето на човековите права на луѓето кои употребуваат дроги. Поборниците за политики за намалување на штети ја повикуваат Администрацијата на претседателот Барак Обама средствата кои се трошат за прогон и затвори да ги пренамени за заштита на јавното здравје, а употребата на дроги да ја третира како здравствено наместо кривично прашање.

ЛИНК до видео изјавата.

(Извор: DPA)

Образованието неопходно за унапредување на правата на луѓето кои употребуваат дроги

​Високото образование има витална улога во еманципацијата и зајакнувањето на студентите да им пркосат на прифатените догми, норми и правила. Во светот се актуелни дебатите за политиката за дрога во одделните земји и како таа политика влијае на остварувањето на правата на луѓето кои употребуваат дроги. Светската здравствена организација во својот последен Извештај им препорачува на државите да ја декриминализираат употребата на дрога и да се намали бројот на лица кои извршуваат казна затвор поради употреба на дрога. Во таа смисла е неопходно денешните студенти да се едуцираат за тековните дебати за одредни политички прашања за да можат во иднина како професионалци да учествуваат и да придонесат кон унапредување на правата на маргинализираните заедници во земјава.

Повик за поддршка!

Декриминализација на сексуалната работа во Нов Јужен Велс била двопартиска одлука во 1995 година. Политичките лидери согледале дека со криминализацијата на сексуалната работа  е предизвикана корупцијата, ограничен пристап на сексуалните работници до правдата и правата од индустриска сопственост, нетранспарентно регулирање на сексуалната работа и негативно влијание врз здравјето на луѓето. Декриминализација на сексуалната работа во Нов Јужен Велс сега е меѓународен најдобар модел на пракса кој треба да се следи поради достапноста до правдата, услугите во јавното здравство, транспарентна регулатива и почитувањетo на човековите права се оптимални. Декриминализацијата се препорачува од страна на Заедничката програма на ОН за ХИВ / СИДА. Во 2014 година, Лансет заклучи "Декриминализација на сексуалната работа ќе има најголемо влијание врз текот на ХИВ епидемија во сите поставки,  и спречување за 33-46% од ХИВ инфекции во следната деценија. Меѓутоа владата на Нов Јужен Велс сака да ја укине декриминализацијата, и покрај доказите дека правдата, здравството, полицијата и човековите права се подобрени. Декриминализацијата е најдобрата опција за сексуалните работници.  Затоа НЕ повикуваат за поддршка, да се спаси декриминализација за здравјето и безбедноста на сексуалните работници.

ЛИНК.

Покана за проекција на документарните филмови „Здраво кукло“ и „Плукни во шприцот "

​Покана за официјалната проекција на документарниот филм „Здраво кукло“ и „Плукни  во шприцот " на авторот Ахмет Нувит Бингол, која ќе се одржи во Кинотека на Македонија (ул Никола Русински, број 1 во Скопје) на 30-ти март 2016 во 18:00 часот.

Овој документарен филм е изработен во рамките на проектот  “Воспоставување модели, механизми и активности за зајакнување на системите воспоставени на ниво на општини“, дел од Националната кампања за ХИВ/СИДА на Канцеларијата на Светска здравствена организација во Скопје, поддржана од Глобалнит Фонд за ХИВ,  со цел  да се донесат превентивните програми и нивните сервиси поблиску до вниманието на јавноста.

Јавна дебата за проектот „Превенција на ХИВ и употреба на дроги помеѓу граѓаните од пограничните области“

Во општина Гостивар се одржа јавната дебата за проектот „Превенција на ХИВ и употреба на дроги помеѓу граѓаните од пограничните области“ воедно се промовираше и „Локалната стратегија за заштита од ХИВ  на општина Гостивар за периодот од 2016-2020“. Дебатата ја започнаа Воскре Наумовска Илиевска -  „ХОПС“, Фадил Асани од општина Гостивар, Др- Силвана Ончева од „ХОПС“, Ратко Наумоски од ценатрот за Социјална работа и Зоран Попоски - „Хелп“ - Гостивар. Во оваа стратегија се вклучени „ХОПС“- Скопје, Здружение на граѓани „Хелп“- Гостивар, „Пулс“- Куманово, „Цантар за развој и унапредување на јавниот живот“-Тетово, Медициснко-психотерапевски центар „Лавиринт“. Целта на на овој проект е да се придонесе кон одржлива кохезија помеѓу Р. Македонија и Република Косово преку, прекугранична соработка во полето на превенција на ХИВ и употреба на дроги.

24 март „Светски ден за борба против туберкулозата“

„Светскиот ден за борба против туберкулозата се одбележува секоја година на 24 март со цел да се зајакне свесноста на јавноста за туберкулозата. Туберкулозата е болест, која и покрај тоа што се лекува и може да се излекува, се уште останува деструктивна епидемија во делови од Светот.

На овој ден ја одбележуваме објавата на др. Роберт Кох, во 1882 година, за неговото откривање на бактеријата која ја предизвикува туберкулозата. Неговото пионерско истражување го отвори патот за дијагностицирање и лекување на оваа болест.

Жените имаат право на бесплатна, достапна и квалитетна гинеколошка здравствена заштита!

“Жените повеќе нема да молат за своето репродуктивно здравје!”

Обезбедете ни:

  • потребен број на матични гинеколози во нашите општини, особено во општините Шуто Оризари, Прилеп и Битола.
  • бесплатни гинеколошки услуги, гарантирајте дека матичните гинеколози нема да ни ги наплаќаат бесплатните услуги;

За да се остварат нашите барања од Владата на РМ, Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување и единиците на локалната самоуправа бараме:

  • Да обезбедат средства за покривање на трошокот за специјализации по гинекологија и акушерство за матични гинеколози во Примарната здравствена заштита (ПЗЗ) во општините каде што воопшто нема или нема доволен број матични гинеколози, особено ова го бараме во општините: Шуто Оризари, Прилеп и Битола, за да се постигне опфат со матични гинеколози предвиден со Уредбата за мрежа на здравствени установи;
  • Да преземат законски мерки за да се спречат незаконските наплаќања за гинеколошки услуги од матичните гинеколози.

Зошто се потребни ваквите акции:

  • Во Република Македонија недостасуваат 152 матични гинеколози за да се исполни критериумот утврден со Уредбата за мрежа на здравствени установи. При тоа во 45 општини нема матичен гинеколог, а во 24 општини има недостиг од матични гинеколози.
  • Истражувањата на граѓанските организации покажуваат дека на 56% од жените Ромки матичните гинеколози им наплаќаат при секој преглед.

Социјален реботник - Елена Панева

​Продолжуваме да си ги претставуваме нашите херои, социјалните работници. Денес на ред е Елена Панева.

Среќна сум што имам можност да работам како социјален работник за поддршка на сексуалните работници и нивните семејства во една успешна и сериозна организација каква што е ХОПС.  Како социјален работник придонесувам навремено решавање на социјални проблеми со кој се соочува нашата целна група. Посебно се гордеам кога ќе ги измотивирам клиентите да започнат одредена постапка за која пред се е потребно повеќе познавање од областа на социјалната работа  како што се пријавување на новороденчиња со закаснет рок , вадење на документи за лична идентификација, стекнување на одреди права од социјална и здравствена заштита и сл. Мотивираноста која ме задржува да работам како социјален работник во ХОПС е тоа што ме исполнува работата , среќна сум кога работам, решавањето на долгогодишни социјални проблеми, но и обуките и доусовршувањата од страна на другите колеги. Најзадоволна сум кога клиентите се задоволни од добиената услуга, довербата која ја имаат во мене и ХОПС, но и дека без мое присуство успеале и се стекнале со одредено право како и решавањето на други проблеми од областа на социјалната работа,  флексибилното работно време, меѓусебната поддршката и доверба која ја има во тимот и задоволството од платата. 

Pages