Среќен IDAHOT ден Косово

На 17-ти Мај - Меѓународниот ден за борба против хомофобијата, бифобијата и трансфобијата - IDAHOT, три косовски ЛГБТ организации го организираа првиот марш во Косово во центарот на градот во Приштина. Маршот бил предводен од претседателот на Косово Хашим Тачи, високи политички функционери и странски дипломати, меѓу кои амбасадорите на САД и Велика Британија.

„ЛГБТ организациите го повикуваат косовското општество да ја искорени хомофобијата и да ги почитува, заедно со институциите, правата на ЛГБТ заедницата. Сексуалната ориентација не би смеела да биде причина за дискриминација“. 

Претседателот Хашим Тачи изјавил дека сите граѓани на Косово треба да имаат исти права.

Канада домаќин на петтата конференција на Глобалниот фонд

​Премиерот Џастин Трудо објави поддршка за Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија од 785 милиони  долари за следните три години, што е за 20 проценти повеќе од претходните три години. Исто така најави дека Канада ќе биде домаќин на петтата конференција на Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија во Монтреал, Квебек, на 16 септември 2016 година.

Обука на параправници за работа со сексуални работници/чки

На 11 мај започна обуката на параправници за работа со сексуални работници/чки, која ќе се одвива до 13 мај. Параправниците се сексуални работници или лица блиски со заедницата. Фокусот на обуката е за препозанавање на различни видови насилство, мотивирање за пријавување на истото, механизми за пријавување, како и информации за сексуално и репродуктивно здравје, социјална и здравствена заштита, сервиси за сексауални работници/чки, комункациски вештини,  и контактирање на сексаулни работници /чки кои не контактираат со организации кои нудат услуги на СР или други институции.

Одборот на Глобален Фонд ја одобри новата стратешка рамка

Одборот на Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија на триесет и петата седница, која се оддржа на 26 и 27 април 2016 година во Абиџан, Брегот на слоновата коска ја одобри стратегијата за 2017-2022 година.

Основни цели и на Стратегијата се:

•           Зголемување влијанието против ХИВ, туберкулоза и маларија;

•           Изградба на отпорен и одржлив  системи за здравје .Resilient and Sustainable Systems for Health) ;

•           Промоција и заштита на човековите права и родовата еднаквост;

•           Мобилизирање на дополнителни ресурси;

Семинар на тема - канабис

​Здружението „Зелена Алтернатива“  ќе го организира третиот по ред семинар на тема канабис кој ќе се одржи при крајот на месец Мај. Како и на минатите два семинара, така и овој пат, гости ќе бидат еминетни доктори и научници кои како експерти се признаени и добро познати како лидери на истражувањата од оваа област. Тие ќе го споделат своето знаење за лековитоста на ова растение, искуствата од нивната работа и ќе ни ги презентираат најновите сознанија од многуте студии кои секојдневно се одвиваат низ светот. На овој семинар ќе разговараме и ќе ве запознаеме со составот и различните состојки на канабисот, како и придобивките од истите.

Луѓето не смеат да ги загубат своите човекови права бидејќи користат дроги

​Криминализација за поседувањето и употребата на дроги предизвикува значајни пречки во правото на здравје и здравствена заштита. Корисниците на дрога оправдано стравуваат дека ќе бидат уапсени или затворени доколку бараат здравствена заштита. Тие дури се обесхрабруваат и да се советуваат или да бараат информации за безбедни практики за користење на дрога. Во некои држави дури и ширење на информации за безбедни практики е казниво со закон. Резултатот поради тоа најчесто е ризични форми на употреба на дрога кои можат да доведат до инфекции, васкуларни несреќи и предозирање со дрога, која е главната причина за смртните случаи поврзани со дрога.

Повик за учество на „Фестивал за Етичка фотографија“

​Секоја година фестивалот за Етичка фотографија отвора “повик за учество", посветен на невладини здруженија, хуманитарни организации и доброволни здруженија.

Главната цел е доближување на публиката поблиску до етичките содржини со користењето на фотографијата како средство за комуникација и алатка за учење.

Невладиниот сектор е посебен дел од фестивалот, резервиран за претставување фотографски дела на фотографи од непрофитни организации. Во тој контекст, "НВО Ареа" сака да го фокусира своето внимание на употреба на фотографијата од страна на хуманитарните организации, кои работат со социјални прашања за кои треба поголемo подигање на свеста во денешниот свет.

Проектите треба да бидат испратени до 7 јуни 2016 година, најдоцна до 23:59 часот(Централно европско време). Избраните дела ќе бидат прикажани во текот на седмиот Фестивал на Етичка фотографија кој ќе се одржи  во Лоди во октомври 2016 година.

На следниот ЛИНК ги имате условите како да се пријавите. 

„Back to the drawing board“: Исечоци и впечатоци од Летната школа за зависности од дроги

​Нежен почеток: глобална состојба и „the do's and don'ts на психотерапискиот пристап кон зависноста

Статистиката е, во принцип, многу здодевна работа. Но, токму тој бројчано изразен пресек на реалноста со својата непобитност и итност најдобро умее да ни го привлече вниманието и да нè мотивира кон посодржајно занимавање со конкретниот проблем. Бројката од околу 208 милиони поединци кои употребуваат нелегални дроги на светско ниво, а со која се соочив во текот на разговорот со д-р Христијан Јанкуловски од ХОПС за мене беше првото избистрување на фокусот: Што значи ова преведено во човечки животи? Какви последици носи со себе? Дали зборуваме за тренд во пораст – и за кој тип на дроги? Што ни кажува тоа за напорите и милионите вложени во превенција, информирање, демонизирање и регулирање на нелегалните супстанции? Кои слабости и неуспеси ги отсликува ваквата ситуација? Како, ако воопшто, може ефективно да се пристапи кон оние корисници чие нормално функционирање е отежнато поради проблемите врзани со употребата на дроги?

Јавна дебата за расправа на Локалната стратегија за заштита од ХИВ 2017-2020 на општина Тетово

По Скопје, општина Тетово е втора по број на лица кои живеат со ХИВ инфекција.Со цел подигање на свеста, Здружението на граѓани Центар за развој и унапредување на јавниот живот  Тетово, заедно со партнерската организација, Здружението ХОПС - Опции за здрав живот Скопје, во рамки на активностите поврзани со превенцијата на ХИВ кај заениците под најголем ризик, организираше јавна дебата за Локална стратегија за заштита од ХИВ на општина Тетово за 2017-2020 и Акциски план за остварување на Локалната стратегија за заштита од ХИВ на општина Тетово за 2016 и 2017 година. 

Целта на јавната дебата беше да се отвори дискусија за мислењата и ставовите на сите засегнати страни, низ транспарентен процес на усвојување на политики на локално ниво. Општина Тетово зема учество и дава поддршка на сите активности кои имаат за цел превенција на ХИВ кај локалното население, вклучувајќи ги и лицата од маргинализираните заедници. 

Едукации за туберкулоза и коинфекција на туберкулоза со ХИВ

Од 2012 година ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, во соработка со други организации во Македонија, меѓу кои и Асоцијацијата за здрави животни стилови ПУЛС – Куманово, започна со едукации за туберкулоза и коинфекција на туберкулоза со ХИВ/СИДА. Овие едукации, поддржани од Министерството за здравство на Република Македонија, се финансирани од страна на Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија и се наменети за разни целни групи ранливи на туберкулоза, меѓу кои и корисници на дроги. Како поранешен корисник на дроги и јас бев вклучен како едукатор на други корисници на дроги, што за мене претставуваше голем предизвик.

Pages