Harm Reduction International загрижен за предлог документите на УНГАСС

Harm Reduction International ги истражуваше предлог документитите на УНГАСС, и изјавува сериозна загриженост за комуникацијата и терминологијата која се користи во врска со намалување на штети и ХИВ превенција. Важно е да се заштитат придобивките претходно склучени на основни прашања, и да се осигура дека нема да се нарушени како резултат на процесот на УНГАСС. Доколку се усвои предложената верзија, документот ќе претставува уназадување на сите досегашни договори во рамките на CND.

За да се променат политиките за дрога, треба да се промени начинот на кој се мерат

Како се приближува Генералното собрание на специјалната седница на Обединетите Нации за светскиот проблемот со дрога (УНГАСС), гласовите за реформа на политиката на дрога се сè погласни. Но во рамките на тесните параметри на системот на ОН, што значи реформа навистина? Впрочем, кога станува збор за политика на дроги, една од главните задачи на ОН е да се обезбеди усогласеност со меѓународните договори поврзани со употребата на дроги, и да се обезбеди рамка за оценка, така што земјите можат да го проценат влијанието на нивните политики за дрога.  

Десет причини за декриминализација на сексуалната работа

​Сексуалната работа е криминализиранa преку забраните за продавање на сексуални услуги или за користење на услугите. Со самата забрана се намалува слободата за преговори помеѓу сексуалните работници со клиентите и организирање на фер третман. Со тоа е ограничена нивната безбедност во однос на физичко насилство и изнуден секс без кондоми. Криминализацијата и агресивни полициското работење ја зголемуваат ранливоста на сексуалните работници, и ги зголемени ризиците за насилство, изнуда и опасност по здравјето и кршење на човековите права.

Повик за учество на Зимска школа за превенција на дроги и ХИВ во Косово

НВО „Лавиринт“ во соработка со здружението „ХОПС - Опции за здрав живот Скопје“ ги повикува сите заинтересирани лица да аплицираат за учество во Зимска школа за превенција на дроги и ХИВ. Повикот е отворен до 18 февруари 2016 година и со задоволство ги очекуваме вашиот апликации.Зимската школа ќе се одржи во период од 07.03 - 11.03.2016. Самата обука ќе понуди мултидисциплинарен пристап во однос на употребата на дроги, механизмите за превенција, институционални и вон - институционални механизми, основни познавања за превенција на ХИВ/СИДА и развивање на превентивни програми по овие прашања.

Целта на оваа Зимска школа е: студентите и идните професионалци од Косово и Македонија да се стекнат со основни познавања околу превенцијата од употребата на дроги и превенцијата на ХИВ/СИДА во овие региони.

Привремена „црвена улица“ во Лидс

Три недели по убиството на сексуален работник во Холбек, во Лидс е решено да се почне со практикување на  пилот шема наречена „Храброст“, каде им се овозможува на сексуалните работници/-чки од  19 до 07 часот да работатат на улица без страв од апсење. Со самото тоа се подобрува нивната безбедност и можноста да пријават насилства и кривични дела. Шемата е тестирана од страна на полицијата и локалниот совет.

ОД ГАНЏА СЕ УМИРА САМО АКО ТЕ ФАТАТ „АЛФИ“

​Пред околу десетина години, тогаш популарниот блогер Вуна на исклучително креативен начин отвори едно горливо прашање во нашето општество: третманот на лицата кои употребуваат дроги од страна на Полицијата. Имено, Вуна на својот блог објави банер со следнава содржина: „Од ганџа се умира само ако те фатат ’алфи‘“. Оваа визуелизирана порака стана вистински хит не само во виртуелниот простор, туку и во физичкиот, преку дисеминирање на „стикерот“ на јавни површини од страна на млади луѓе кои ја препознаа важноста на оваа кратка, но силна порака. 

Ви благодарам Град Скопје

„Ви благодарам Град Скопје, што ни овозможувате да доаѓаме во центарот на ХОПС. Да се дружиме со нови другарчиња и да играме различни игри. Што ни ветувате на Нас и се грижите за Нас и ни давате среќа и многу Љубов.“


Многу фала,
Лука. 

Ова е само една од пораките и честитките на дечињата по повод посетата на претставници од Секторот за јавни дејности, Одделение за социјална, детска и здравствена заштита на Град Скопје. Тие го посетија Дневниот центар за рехабилитација и ресоцијализација за лица кои употребуваат дроги. Дечињата кои го посетуваат центарот, беа израдувани со 20 новогодишни пакетчиња. Истовремено беше одржана и креативна работилница каде беа изработени честитки посветени до донаторите со топли желби за Новата година.

Нелегална љубов

19 Јануари 2016 (22 јануари по нови податоци) во државната Дума е предвидено да се разгледа нацрт-законот № 916.716-6, за изменување и дополнување на Законот за административни прекршоци (во смисла,  утврдување на одговорност при јавното изразување на нетрадиционални сексуални односи ).

Целта на овој предлог-закон е воведувањето на одговорност во форма на парични казни и затвор од 15 дена само за лицата од ЛГБТ заедницата. Всушност новиот закон ќе забрани било каква заштита за ЛГБТ популацијата, која се состои од повеќе од 5 милиони луѓе во Руската Федерација.

Нови психоактивни супстанции (НПС) и нивни несакани дејства, состојбите во Македонија и во Словенија

​Последниве години во светот, а исто така и во Македонија и во Словенија, се појавуваат различни нови психоактивни супстанции (НПС) што ги среќаваме под различни имиња. Најчесто користени имиња за овие супстанции се: дизајнерски дроги (designer drugs), дозволени дроги (legal highs), растителни дроги (herbal highs), експериментални супстанции (research chemicals), соли за капење (bath salts), растително ѓубриво (plant food) и други. Овие супстанции обично имаат ознака дека не се дозволени за употреба кај луѓето („not for human consumption“). Се работи за синтетички и за растителни супстанции што најчесто се продаваат преку интернет или во продавници, што се нарекуваат „smart shops“ или „head shops“. Тие супстанции не се заштитени во склад со меѓународното законодавство. Искуствата на корисниците на овие супстанции можеме да ги следиме на социјалните мрежи или на форумите. Се појави и нов назив за корисниците на НПС, а тоа е таканаречен „psychonaut“.

Ефикасен одговор за СИДА-та не е возможен без програми за намалување на штети

Можеме да кажеме дека со текот на времето, како резултат на бројни студии и откритија  поврзани со ХИВ/СИДА денес е постигната подобра контрола на оваа болест. Програмите за намалување на штети завземаат важно место во обликувањето на одговорот на епидемијата на ХИВ. Овие програми имаат спасено многу животи затоа е потребно да се нагласи нивната важност во одговорот на ХИВ. Денес EECA се соочува со намалена финансиска поддршка и самото тоа влијае при превенцијата од ХИВ.

Pages