Повик за обучувач за Зимска школа за превенција на дроги и ХИВ во Косово

НВО Лавиринт во соработка со здружението „ХОПС - Опции за здрав живот Скопје“ организира петдневна Зимска школа за превенција на дроги и ХИВ, преку проектот „Превенција на ХИВ и употреба на дроги помеѓу граѓаните од пограничните области“.

Зимската школа ќе се одржи во период од 07.03.2016 – 11.03.2016 (понеделник - петок), со што ги покануваме сите заинтересирани кандидати да се пријават за следнава позиција:

  • Обучувач.
    • Локација на одржување: Приштина, Косово.
    • Период на ангажман: еден месец.
    • Број на обучувачи: 3.
    • Земја на потекло: двајца обучувачи од Косово и еден обучувач од Македонија.

Реакција до дневниот весник ВЕСТ за статијата - „По најавата дека канбисот ќе се легализира за медицински цели масло од мархуана се бара дваесет пати повеќе“

На  веб страна на ВЕСТ, на 14 февруари објавен е текст со наслов По најавата дека канабисот ќе се легализира за медицински цели масло од мархуана се бара дваесет пати повеќе“ во кој во повеќе наврати цитирате дека дадените информации се дадени од Здружението ХОПС Опции за здрав живот Скопје.

За дадениот текст Ваша новинарка побара изјава од ХОПС за што го доби следното како информација:

  • Ставот на организацијата во однос на предложениот закон за измена и дополнување на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци што меѓудругото подразбира канабисот во повеќе форми да биде доставен како лек, не само во форма на масло и да може да го препишуваат повеќе специјалисти;
  • Анализата која ХОПС ја направи за предложениот Закон која покажа дека со законот се огничуваат состојбите за кои ќе се препишува лекот;
  • Информација дека побарувачката за масло порасна последните години од кога порасна и потребата (не по најавата за законот) и дека е генерално зголемена е цената (а не 20 пати како што стои во текстот).

Како организација не сме дале изјава за цената на маслото, како и за начинот на употреба. Информациите за цените ги добиваме од корисниците и лица кои се јавуваат кај нас, но ние не соопштивме никакви цени.

Поради тоа бараме да го корегирате текстот соодветно на дадените изјави од ХОПС и да се избрише ХОПС од цитатите за кои не сме дале изјава.

Со почит Христијан Јанкулоски - извршен директор.

                                                                                                                                                                                                    

Годишен состанок на едукаторите за туберколоза

На 05.02.2016, се одржа Годишен консултативен состанок за имплементација на проектот „ДОТС интервенции во РМ“. 36 едукатори за туберкулоза од 32 имплементирачки организации и институции од 15 градови низ републиката се собраа во Скопје да поразговараат за резултатите, искуствата и предизвиците во напорите за превенција на туберкулоза помеѓу ранливите групи.

Помеѓу резултатите од претходната година, истакнато беше дека во рамки на 547 едукативни сесии,  вкупно 2980 лица (клиенти на субституционен третман, луѓе кои употребуваат дроги, сексуални работници/-чки, затвореници, бегалци/баратели на азил, луѓе кои живеат со ХИВ и Роми) добиле информации за превенција, рано откривање и соодветно лекување на туберкулоза.

Се одржа прес-конференција за регулација на медицинската употреба на канабис

​Денес во 11 часот пред Собранието на Р.М се одржа прес - конференција по повод владиниот предлог за регулација на медицинската употреба на канабис.

На крајот на минатата година Министерството за здравство бомбастично најави “легализација на марихуаната за медицинска употреба”. Кратко потоа, со предлог Закон за измени и дополнување на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции предложи регулирање на медицинската употреба на канабис.

Ваквиот начин на регулирање на ова прашање нема да придонесе за поголема достапност на канабисот и неговите деривати до оние на кои им е најмногу потребен, а тоа се луѓето со одредени медицински состојби.

Здружението ХОПС Опции за здрав живот Скопје иако не беше повикано да се вклучи во јавните расправи и да даде свој придонес како експертска организација која 20 години работи на полето на политки на дроги, во јавноста укажа на недоследностите на кое предлагачите на овие законски измени останаа глуви. Поради тоа ХОПС изготви Анализа на предложените измени и дополнувања на закон за измени и дополнување на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции.

ИТНО: Повик за поддршка на реакцијата на ХОПС по повод владиниот предлог за регулација на медицинската употреба на канабис

 

На крајот на минатата година Министерството за здравство бомбастично најави ,,легализација на марихуаната за медицинска употреба. Кратко потоа, со предлог закон за измени и дополнување на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции предложи регулирање на медицинската употреба на канабис.

Ваквиот начин на регулирање на ова прашање нема да придонесе за поголема достапност на канабисот и неговите деривати до оние на кои им е најмногу потребен, а тоа се луѓето со одредени медицински состојби.

Здружението ХОПС Опции за здрав живот Скопје иако не беше повикано да се вклучи во јавните расправи и да даде свој придонес како експертска организација која 20 години работи на полето на политки на дроги, во јавноста укажа на недоследностите на кое предлагачите на овие законски измени останаа глуви. Поради тоа ХОПС изготви Анализа на предложените измени и дополнувања на закон за измени и дополнување на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции . 

Поради оваа причина Ве покануваме на прес конференција која Здружението „ХОПС - Опции за здрав живот Скопје„ ја организира на 10 февруари во 11 часот пред Собранието на РМ. 

"Будимпештанската група" со препораки за престојната сесија на УНГАСС за дроги

Будимпештанската група е неформална мрежа на европски здруженија на граѓани вклучувајќи го и ХОПС, креирана во јули 2015 година, од организации кои работат во областа на реформите во политиките за дрога.

По формирањето на оваа група е доставена изјава до владата на Холандија, која претседава со Советот на Европската унија (ЕУ). До нив е испратена изјава во која се потенцирани принципите и препораките за ангажманот на ЕУ на претстојната Специјална сесија на Генералното собрание на Обединетите нации за проблемите во светот поврзани со дрогата и политиките за дрога, кој ќе се одржува во Њујорк во април.

Декриминализација на сексуалната работа во Македонија

​Здружението „ХОПС - Опции за здрав живот Скопје“ по повод 17 декември - Меѓународен ден за борба против насилството врз сексуалните работници, спроведе јавен повик за новинарски статии на тема: „Сексуалната работа во Македoнија“. Како второнаграден е Сунаи Сабриоски - „Декриминализација на сексуалната работа во Македонија“. Во прилог го имате целиот текст.

„Стара е мислата дека ништо подобро не зборува за квалитетот и карактерот на еден општествен поредок од положбата на човекот во него. Република Македонија е повеќепартиска парламентарна демократија основана во 1991 година, откако стекна самостојност по распадот на поранешната СФР Југославија.Уставот е највисокиот закон во државата. Согласно Уставот, секој граѓанин треба да ужива еднакви права и слободи. Кога се наметнува прашањето за маргинализираните групи, во овој контекст сексуалните работници и работнички, и нивните слободи и права се отвара прашањето од потребата за декриминализација на сексуалната работа во Македонија. Појдовно од тоа дека почитувањето на слободите и правата на ѓраѓаните треба да биде императив за секое демократско општество, дава до знаење дека и сексуалните работници/работнички треба да уживаат еднакви права како и јас кој што сум избрал да се занимавам со професијата новинарство. За таа цел во оваа статија, со моите скромни познавања од оваа област, ќе се обидам да дадам осврт кон едно од многуте прашања кои што заслужуваат одговор кога е во прашање сексуалната работа, а тоа е:Потребата од декриминализација на сексуалната работа во Македонија.

Излезе петтиот број на „Дроги - Политики и практики“

По повод промоцијата на новиот број на списанието „Дроги - Политики и практики“, чија носечка тема е: „Зошто е битна едукацијата?, Вања Димитриевски и Влатко Деков, во петок од 14 часот ќе бидат гости во емисијата „Главна струја“ на Мирко Попов на Канал 103 каде ќе говорат за повеќето теми обработени досега во самото списание.

Со ова издание на „Дроги – Политики и практики“ настојуваме да одржиме свесност кај себе за причините за постоење на ова списание и воедно да го образложиме нашиот став за образованието. Ние под образование не го подразбираме само оној процес на стекнување знаење во семејството и во училиштето. Ние под образование подразбираме целокупен процес на стекнување на знаење од сите достапни извори и на свесно процесуирање на добиените информации онака како што најмногу можат да им користат и на единките и на заедницата. Затоа се залагаме за постојано проширување на можностите за формално и неформално образование и на достапност до разновидни извори на релевантни информации. Затоа нам ни е важно образованието. Сметаме дека сестраното образование ќе придонесе за развивање на општествената свест и, меѓу другото, свесност за потребата за воведување хумани политики за дроги.


Списанието е достапно во онлајн верзија која може да ја прочитате тука.

Кажи го своето мислење

Со оглед на тоа дека во последно време многу се реагира на лошите креирани политики за дроги, ICSDP сака да знае што е најважно за Вас кога станува збор за политиките за дроги. На овој ЛИНК, можете да ги потполните петте приоритетни проблематики кои мислите дека се најважни при создавње на новите политики за дроги. Кои од наведените прашања се најважни за вас и вашето семејство? 

Потполнете и споделете.

Миро! Ведрина дури кога е и мрачно

Од 1 до 7 февруари низ целиот свет се слави моќта на уличниот печат да го менува животот на најранливите категории сограѓани.

Со овој глобален настан се одбележува значењето на работата на над 11 000 продавачи на улични весници.  Секој од тие мажи и жени, низ 35 земји во светот, го користи локалното улично списание како начин за работа и излез од кругот на сиромаштијата.

Начинот, пак, на одбележување и изразување почит кон нивната напорна работа е различен во сите земји. „Лице в лице“ нѐ повикува да се придружиме на милионите поддржувачи ширум светот што ја слават моќта на уличниот печат да ги менува животите на маргинализираните!

Pages