СОСТАНОК НА ВИСОКО НИВО за ставање крај на СИДА-та

Состанокот на високо ниво кој се одвива во Њујорк од 8-10 јуни за ставање крај на СИДА-та се фокусира на вниманието на светот за важноста на пристапот и брзиот одговор на предизвиците поврзани со СИДА-та во текот на следните пет години. Брзиот пристап на УНАИДС има за цел да се постигнат амбициозните цели до 2030 година, и тоа:

  • Помалку од 500 000 ново инфицирани луѓе со ХИВ.
  • Помалку од 500 000 луѓе починати од причина СИДА.
  • Елиминирање на дискриминација поради ХИВ.

Засега:

  • 15,8 МИЛИОНИ луѓе имаат пристап до антиретровирусни лекови во јуни 2016
  • 35% намалување на нови ХИВ инфекции од 2000 година
  • 50% намалување на нови ХИВ инфекции кај децата во последните пет години
  • 42% намалување на смртни случаи поврзани со СИДА-та

ПОКАНА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДИ

​Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – „ЗАЕДНО ПОСИЛНИ“- има потреба од продукциска услуга и филмски и креативен директор. За таа цел, договорниот орган спроведува постапка за доделување на договор за јавна набавка со барање за прибирање на понуди без објавување на оглас, во согласност со Законот за јавните набавки.

Се молат сите да доставиат понуда за горенаведениот предмет на договорот за јавна набавка најдоцна до 15.06.2016 на горната адреса.

Повеќе детали за повикот - Повик за прибирање на понуди (продукциска куќа).

Втор повик - Повик за ангажирање на филмски и креативен директор.

Линк до нивната фејсбук страна- „Заедно посилни“.

Јавни дебати за декриминализација на дрогите во Република Чешка

Во Чешка се' почесто се случуваат дебати за можностите и ограничувањата на легализацијата, декриминализацијата, контролата, регулирањето, либерализацијата на дрогите и политиките за дроги во нивната земја, мотивирани од овогодинешниот УНГАСС. Еден од ваквите настани се одржал во кафе барот „Терапија“ објект со мулти-цели, социјален клуб, ресторан, кафе - бар, каде што се работи најмногу на грижата и негата на корисниците на дроги.

СЛОВЕНЕЧКИ СОЦИЈАЛЕН КЛУБ ЗА КАНАБИС – ССКК

Интервју со Јака Битенц, ССКК​

Коj сте вие? Што работите? Кое е вашето лично искуство со медицинскиот канабис и кои се разликите помеѓу вообичаените лекови и медицинскиот канабис за вашата состојба.
 
Јас сум активист, татко, човек кој се бори за своето здравје и за здравјето на другите во Словенија. Во моментов сум дел од тим кој прави тура низ Словенија и информирам колку што можам повеќе луѓе за поволностите од користењето на канабис. Се обидуваме да ги промениме законите, кои се речиси исти насекаде низ Балканот и немаат смисла. Го користам канабисот затоа што имам дијабетес последниве 23 години, а моето тело не го апсорбираше инсулинот доволно добро и немам друга здрава алтернатива. Во моментов користам само 30% инсулин затоа што инсулинот ги убива здравите бета клетки во нашите тела. Претпоставувам дека ова се прави намерно за фармацевтската компанија да произведе што повеќе зависници од инсулин.
Маслото од хаш (канабис) кој го произведуваме ми помага на неколку начини. Најпрво го смирува моето тело со тоа што ги намалува нивоата на адреналин, па можам да размислувам појасно, го стимулира панкреасот за да произведува инсулин самостојно и со тоа индиректно го намалува нивото на крв во шеќерот.
Секако најуспешната терапија е сеопфатна кога имаш соодветна исхрана, енергетски фреквенции итн.

Фентанил - опоид појак и од хероин

​Како причина за смртта на пејачот Принц се смета предозирањето со опоидот Фентанил. Тоа е лек, кој се дава од страна на лекарите за лекување на рак и против болки. Фентанилот се јавува како причина за зголемена смртност во САД. Тој е 25 до 50 пати повеќе потентен од хероин и од 50 до 100 пати повеќе потентен од морфиум.

351 луѓе се предозирале фатално од опијати минатата година во Њу Хемпшир, според податоците  од страна на медицински испитувач во државата, 28 од жртвите се предозирале од хероин, додека од Фентанил - 253 смртни случаи. Три зрна како шеќер е смртоносна доза за возрасни.

Поголемиот дел од предозирањата во САД се со Фентанил кој на нелегален начин се прозиведува и добива во и од Мексиканските картели, додека во легална форма како рецепт за намалување на болки и терапија за рак, велат извори од  ДЕА.

Трет семинар за демистификација на конопот во Македонија.

​На 28 и 29 мај во Скопје повторно се одржа семинар за демистификација на конопот. Целта на семинарот беше употребата на канабисот во здравствената заштита, теорија и пракса, со предавачи од Израел, Чешка, Шпанија, Канада и гости од соседните држави. 

Здружението Зелена алтернатива кое го организираше овој семинар велат дека на овој начин сакаат да ги подучат здравствените работници и граѓаните во Македонија кои во се поголем број се решаваат да се лекуваат со масло од канабис за правилна употреба на конопот. „Со оглед на сè почестите заболувања на наши и ваши роднини, пријатели и познаници, веруваме дека на сè повеќе луѓе им е потребно маслото од канабис како за спречување и превенција, така и за лекување на повеќе болести и тегоби на ова модерно време“, е истакнато на Интернет страницата на Здружението.

Минимален договорот постигнат на УНГАСС

УНГАСС 2016 e чекор кон подобрени и похумани глобални политики за дрога. По речиси две децении, Генералното собрание на Обединетите нации се состана на специјална седница со цел наоѓање решение на глобалните проблеми со дрогата. Се состанаа делегати од 193 земји каде учествуваа меѓувладини организации и претставници од други агенции на Обединетите нации, академици и членови од граѓански здруженија. Главниот резултат на свикување на УНГАСС беше одобрување на конечниот документ за ефикасно решение на глобалниот проблемот со дрогата.

Отворен повик за консултантски услуги

​ХОПС – Опции за здрав живот Скопје објавува повик за прибирање понуди од консултантски куќи, здруженија на граѓани или фондации регистрирани согласно Законот за здруженијата на граѓани и фондации, за изготвување и испорака на 6 (шест) промотивни видеа за превенција на ХИВ и употреба на дроги и 600 (шестстотини) ДВД цедиња со видео авторизација.

Вовед

За промоција на оддржливи активности од областа на информирање и здравствената едукација за ХИВ инфекција на општото население, во рамките на проектот финансиран од ЕУ “Превенција од ХИВ и употреба на дроги помеѓу граѓаните од пограничните области”, ќе се  спроведе промотивнa кампања за ХИВ превенција. Видеата ќе преставуваат корисна алатка за идните активности поврзани со здравствена едукација и ширење на информации од областа на ХИВ превенцијата. Подготовката на шесте видеа за достигнувањата на проектот, вклучувајќи ги и документација на процесот на подготовка и усвојување на локални стратешки на акциони планови ќе послужат како важна алатка за промоција на достигнувањата на проектот и на воспоставеното партнерство меѓу локалните власти и организациите на граѓанското општество.

Уметноста како алатка за изложување на вистината за сексуалните работници

Она што ја прави сексуалната работа понапорна е криминализацијата и стигмата, која ги изложува сексуалните работниците на насилство. По тој повод се одржува изведба на опера во Pleasance Theatre. Изведбите ќе бидат од 17 до 29 мај. Шивон и Алекс ко-директор и ко-продуцент на операта, уметноста ја користат како "платформа за гласовите на сексуалните работници“. Креативниот тим ќе се престави со приказни кои се собрани од сексуалните работници од целиот свет. Лондонскиот филмски фестивал за сексуалните работници се случува веќе четврта година, каде преку танц, физички театар, театар репортажа , поезија, музика се пренесува пораката каде уметничките медиуми можат да помогнат при социјалните промени. Сакаат да се прикаже неепосредната опасност за сексуалните работници, насилствата,  личната и социјална исклученост од семејствата, пријателствата, можностите за работа и стигмата.

Смртни казни за луѓето осудени за користење дроги во Индонезија

​Оваа година во Индонезија ќе се изврши третата тура на смртни казни за луѓе осудени за употреба на дроги од почетокот на владеењето на актуелниот претседател Џоко „Џокови“ Видодо (Joko „Jokowi“ Widodo). Со оваа тура ќе бидат погубени десет туѓинци и пет Индонезијци. И покрај постојаните меѓународни притисоци за укинување на смртната казна за дела како употребата на дроги, претседателот Џокови опстојува на ставот за неопходноста од т.н. „шок-терапија“ за сузбивање на употребата на дроги. Додека траат подготовките за погубувањата протестираат и групите за човекови права. Според Индонезиски закон. Владата мора да даде информации 72 часа пред извршување на егзекуциите. Дијана Сајед (Diana Sayed), Координаторка на кризните кампањи на „Амнести Интернационал“ (Amnesty International), смета дека смртната казна е најсуров, најнечовечен и најдеградирачки облик на казнување на кој не му е местото во „современиот правосуден систем“. Таа ја повикува Индонезиската влада да се воспостави мораториум на сите егзекуции со цел за укинување на смртната казна. (Извор: The Diplomat)

Pages