Четврт број на списанието „ДРОГИ – Политики и практики“

​Комбето на АРАС се паркира на однапред договорената локација во Букурешт. Ова здружение со средства од Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија обезбедуваше набавка на игли, шприцови и кондоми за луѓето кои користат дроги. За само неколку минути околу комбето се собираат луѓе кои користат дроги. Се појавуваат две петнаесетгодишни дечиња, бремена жена, четириесетгодишен маж кој растел во детски дом во времето на Чаушеску и кој што ја имал видено својата мајка само еднаш во својот живот. Истиот избркан од институцијата за деца без родители или без родителска грижа поради користење на лепак и веќе 25 години живее на улица. Прашуваат за кондоми, но АРАС, откако во 2010 година заврши донацијата од Глобалниот фонд, повеќе не може да ги обезбедува.

Луѓето кажуваат дека не внимаваат повеќе на тоа дали ќе си ги позајмат иглите еден со друг, затоа што нема доволно игли. Некои ги собираат искористените игли и ги продаваат за да набават една стерилна, но не се сигурни дека навистина е стерилна. Некои игли се користат и по неколку пати, иако можеби претходно некој друг ги користел. Едното комбе со доктор и социјален работник 5-6 дена во неделата кружи низ Букурешт и со стерилни игли снабдува 5000-15000 корисници. Не е доволно.

Декларација за глобална политика за дроги која ќе ги подржи жените, децата и фамилиите

По повод сесијата која ќе се одржи во април 2016, организации од целиот свет кои работат со родова еднаквост, ја повикуваат меѓународната заедница да стави крај на казнените политики за дроги кои ги загрозуваат човековите права, здравјето и благосостојбата на жените, децата и семејствата.

Моменталниот глобален режим за контрола на дрогата и институционализираните закони и практики ги кршат принципите и вредностите од фундаментално значење за жените и нивната еднаквост. Факт е дека со фокусирање на казните нема да се намали употребата на дрога, ниту трговијата со дрога, туку:

  • Алармантно ќе се зголеми бројката на затворени жени за ситни кривични дела поврзани со дрога.
  • Многу деца се и ќе се присилно разделени од своите мајки или затворени со нив, или поради тоа што се корисници на дрога мајките го губат правото врз своето дете.  
  • Најголем дел од жените кои се во затвор за кривични дела поврзани со дрога се мајки.
  • Жените добиваат нефер казнувања за ситни дела поврзани со дрога.
  • Бидејќи од жените се очекува да ја имаат главната улога во згрижувањето на семејството, жените често се впуштаат во трговија со дрога, со цел да го оддржат своето семејство, прифаќаат задачи како пренесуваање на дрога преку граница, многу често завршувајќи во затвор. 

Соби за безбедно инјектирање на дроги и во Даблин

​Министерот одговорен за стратегијата со лекови во Даблин, изјави дека од наредната година корисниците на дрога може да почнат да ги користат новите соби за инјектирање. Собите за инјектирање кои ќе се отворат, а веќе постојат слични модели кои веќе се воведени во Австралија, во делови на Европа, како што се Холандија, Шпанија и Швајцарија, во обид да се справат со ризиците поврзани со корисници на дрога кои инјектираат дроги, се контролирани средини кои имаат за цел да се вклучат потешко достапните популации од корисниците на дрога, вклучувајќи бездомници корисници на дрога кои инјектираат дроги на отворено, создавајќи ризик за себе и за јавноста. Со собите се намалува ризичното однесување при инјектирање и опасноста од заразување со ХИВ и хепатит Ц.

Повик за избор на најдобра новинарска статија на тема: Сексуалната работа во Македонија

 

Здружението „ХОПС - Опции за здрав живот Скопје“ по повод одбележување на 17 дeкември - Меѓународен ден за борба против насилството врз сексуалните работници/-чки објавува јавен повик за избор на најдобра новинарска статија на тема: „Сексуалната работа во Македонија“.

Францускиот Сенат го отфрли предлог законот за криминализација на клиентите на сексуалните работници/-чки

​Францускиот Сенат, каде конзервативна партија има мнозинство го отфрли нацрт-законот усвоен од страна на Народното собрание во 2013 година, кој има намера да го казни клиентите на сексуалните работници/-чки, што ги прави одговорни за парични казни до 1.500 евра за прв прекршок и 3750 евра за повторни прекршувања. Сенаторите гласаа (190-117) против законот.

Се одржа 24-та Меѓународна конференција за намалување на штети од употреба на дроги

Од 18 до 22 октомври во Куала Лумпур се одржа 24-та Меѓународна конференција за намалување на штети од употреба на дроги, на која присуствуваа повеќе од 800 професионалци и активисти од 17 земји, меѓу кои и претставник на ХОПС.

На меѓународната конференцијата за намалување на штети, се усвои декларација наречена Куала Лумпур декларација, со цел да се осигура дека следните десет години ќе бидат Декада за намалување на штети. На следниот линк можете да се потпишете за поддршка на декларацијата.

Кристијанија - хипи комуна која треба да се доживее

Во 1971 година од страна на хипиците е создадена комуната Кристијанија, која е самостојна општина во Копенхаген. Луѓето кои се дел од комуната се од сите сфери на животот, вклучувајќи ги хипиците, бизнисмени како и многу странци, кои брзо се интегрираат во заедницата.

Креативни луѓе со слободен дух, анархистите и аутсајдери влегуваат во областа, и прогласуваат независност на старата напуштена воена база. Кристијанија е позната како мирно и толерантно светилиште на површина од 34 хектари, каде се наоѓаат магацини исполенти со креативност, колиби, импровизирани куќи, шарени мурали, отворени скулптури направени од рециклирани материјали и реупотребени материјали, делови каде се одгледува органска храна, ресторани со органска храна, кафичи со хипи музика, прекрасна природа, езеро и зеленило. Се’ тоа го одразува боемскиот карактер на оваа комуна.

Двојна дискриминација на сексуалните работници/-чки кои употребуваат дроги

​Меѓународната мрежа на луѓе кои употребуваат дроги и Глобалната мрежа на проекти за сексуална работа на 18 октормври 2015 година упатија заедничко писмено известување до светската јавност во кое ги нагласуваат двојната стигматизација, дискриминација и криминализација на која се изложени сексуалните работници/-чки кои употребуваат дроги.

Поради општествената нетрпеливост кон употребата на дроги, но и кон сексуалната работa, сексуалните работници/-чки кои употребуваат дроги многу почесто се изложени на кривичен прогон, диксриминација, социјална исклученост, насилство и зголемена опасност од ХИВ/СИДА, хепатит Б и Ц и други сексуално и крвно преносливи инфекции. Наспроти ова, наместо подобар пристап до социјалните, здравствените и правните служби сексуалните работници/-чки кои употребуваат дроги често се соочуваат со дискриминација во овие служби или постоечките служби не се прилагодени на нивните потреби.

Младинска платформа и трибина за сеопфатно сексуално образование во училиштата

Недостатокот на адекватни информации поврзани со сексуалното и репродуктивно здравје и права (СРЗП) во образовниот систем во Македонија поттикна 9 организации кои меѓу другото, се занимаваат и со младински прашања да формираат Младинска платофрма за сеопфатно сексуално образование (ССО). Зад платформата стојат Х.Е.Р.А.- Асоцијација за Здравствена едукација и истражување, ХОПС, ЏЕФ Македонија, Младински образовен форум (МОФ), ИЗЛЕЗ, Сенки и облаци, Младите можат,  Младинска мрежа Y-PEER и Националниот младински совет на Македонија. Обединети зад единствената цел, во рамки на образованиот систем во Македонија младите да можат да добијат релевантни информации и вештини и да развијат позитивни ставови за зачувување и унапредвање на  за сексуално и репродуктивно здравје и права, кои се адекватни за возраста и се базирани на научни  факти, човекови права, еднаквост и толеранција. Организациите кои членуваат во Младинската платформа ќе работат на мобилизирање на политичка, институционална и јавна поддршка за воведување на сеопфатно сексуално образование во училиштата.

Потенцијална ХИВ вакцина

​Роберт Ц. Гало, е еден од најпознатите биомедицински истражувачи во САД, се смета за ко-откривач на вирусот на хумана имунодефициенција (ХИВ). Гало утврдил дека вирусот го предизвикува синдромот на стекната имунодефициенција (СИДА), а воедно го има создадено и ХИВ тестот.

По 31 година, Гало со неговиот тим на Универзитетот во Мериленд Факултетот на Институтот за човекови вирологија, работи на потенцијална револуционерна ХИВ вакцина, за која вели дека вакцината се обидува да го блокира вирусот пред да може да ги нападне Т-клетките на телото и да мутира.

Pages