Христијан Јанкулоски го отвори 39 состанок на Одборот на Глобалниот фонд

На 9 мај, во Скопје, Христијан Јанкулоски извршниот директор на ХОПС и член на делегацијата на Глобален фонд, ја отвори 39-тата средба со палење свеќи во спомен на оние кои починале од предозирање од дроги. Христијан се осврна на живототите изгубени од трите болести, За кои Глобалниот фонд се бори за искоренувње:  ХИВ, ТБ, маларија, воедно потенцираше дека мора да се чуе гласот и да се поддржат сите оние кои се засегнати од оваа проблематика. 

„Ја палам оваа свеќа во спомен на двајца луѓе кои инјектираат дрога, кои починаа пред само неколку недели од предозирање. Клиниката за опоидна терапија е затворена, и додека адвокатите во нашата изборна единица лобираат во Министерството за здравство за повторно отворање, месеци помина без било каква акција. Како резултат на тоа, две лица кои немаa метадонска терапија за неколку месеци, луѓе познати на нашата заедница, починаа од предозирање.

КАНАБИС, 1000 ЗОШТО – 1001 ЗАТОА – РАЗБИВАЊЕ НА МИТОТ: РЕКРЕАТИВЕН ИЛИ МЕДИЦИНСКИ КАНАБИС?

Со цел на продолжување на континуираната едукација на полето на канабисот и споделување на точни информации за неговите својства и употреба, Граѓанското здружение “Зелена Алтернатива” го најавува седмиот по ред настан во своја организација, КАНАБИС, 1000 ЗОШТО – 1001 ЗАТОА – Разбивање на митот: рекреативен или медицински канабис?.

Настанот ќе биде изведен во два дела, првиот, семинар со предавања на професори, доктори и научници, признаени во светот за нивната посветеност, достигнувања и работа во областа на канабисот.

Модерната култура на канабисот во Амстердам и првите кофишопови

Историјата за модерната култура на канабисот во Амстердам се протега назад од 60-тите години. Психоактивните дроги биле во пораст заедно со потешките дроги како што се хероин и опиум. Американската хипи култура од 60-тите има големо влијание врз употребата на дрога во Холандија. Канабисот влегувал во Амстердам преку Американците, морнарите, северноафриканските трговци.

Законите против дрогата диктирани од Владата на Холандија биле поприлично репресивни. Во 1953 година канабисот станува забранета дрога. До 1960 година бројот на сите прекршувања со дроги кои биле донесени пред судовите, вклучувајќи ги и ЛСД и опиумот, бил многу низок: 10 до 25 случаи годишно, додека во 1966 година бројот на прекршувања со дроги експлодирал.

Употребата на канабис била распространета и во интелектуалните кругови кои се јавуваат со реакции во јавноста тврдејќи дека канабисот не предизвикува зависност и дека затворските казни за прекршување со канабис се премногу ригорозни. Во 1965 година, малото хипи  движење Прово (Provo) почнало да ги провоцира властите со манифестации, со активности и со пушење канабис на отворено. Подоца тоа движење прераснува во културен феномен. Водачот на Прово (Provo), Роберт Џаспер Гротвелд (Robert Jasper Grootveld), почнува да одгледува канабис на врвот од неговиот брод. Дилерите на канабис продавале трева и хаш во клубовите во Амстердам како што биле Парадизо и Мелквег, а многу хипици пушеле канабис на отворено во Амстердам Вонделпарк (Vondelpark).

Постарите американци сѐ повеќе го прифаќаат медицинскиот канабис

Универзитетот во Мичиген (УМ) објави ново истражување кое покажува дека повеќето постари лица го поддржуваат медицинскиот канабис. Универзитетот објави наоди од својата Национална анкета за здраво стареење во вторникот. ААРП и медицината во Мичиген. Анкетата опфаќа репрезентативен примерок од 2.007 американци на возраст од 50-80 години.

Д-р. Прети Малани од Универзитетот во Мичиген специјализира во лекувањето на постарите лица и е директор на анкетата. Таа вели дека иако не многу постари американци користеле медицински канабис, тие се отворени кон идејата. Додека само шест проценти од испитаниците одговориле дека користеле канабис за медицински цели, 18 проценти рекле дека знаат некој користи, рече д-р Малани.

Ден на Боб Марли

Оваа година е 16-та година од славење на денот за Боб Марли.Од 2003-та, кога беше одржан за првпат, овој настан расте и со својата големина и со својата важност, собирајќи секоја година неколку илјади посетители, вклучувајќи голем број музичари и диџеи кои преку нивната уметност ја пренесуваат универзалната порака на мирот. 

Оваа година и ХОПС ќе биде дел од овој настан, каде ќе учествуваат одлични бендови! Тимот на организацијата на настанот Ве моли да се забававувате и потоа да го соберете ѓубрето кое сте го направиле.

Запомнете ја датата 11- мај , 12 часот пред Школка.

Може ли МДМА да биде функционален третман за алкохолизам?

Започнаа клиничките испитувања за употреба на МДМА како потенцијален третман за алкохолизам во Велика Британија. Студијата е прва од ваков вид и може да навлезе во ерата на ефикасни медицински третмани за нарушувања од алкохолот.

Студијата ја предводат истражувачи од Кралскиот колеџ во Лондон и се состои од 20 волонтери кои присуствуваат на осум тераписки сесии, од кои две сесии ќе бидат третман со МДМА, објави Гардијан

Истражувачите испитуваат дали неколку дози на дрогата, заедно со психотерапијата, би можела да им помогне на пациентите да ја надминат зависноста поефикасно од конвенционалните третмани. Инаку сите волонтери се тешки алкохоличари. Волонтерите ќе бидат следени на три, шест и девет месеци.

Војната против дрогите во Белорусија

Денес повеќе од 15000 белоруси се затворени за прекршоци поврзани со дрога. Повеќето од овие луѓе се фатени со 1-2 г канабис. Тие се лишени од слобода за 5-8 години, сместени во ужасни услови во затворите, каде се понижувани од вработените и други осуденици и принудени на физички неплатена работа за државата.

Членот 328 во Белорусија, подразбира казна затвор до 5 години за производство, преработка, купување, складирање, транспорт или испорака на било кој износ на контролирана супстанција без намера да се дистрибуира, до 10 години со намера да се дистрибуира и до 25 години кога криминалот е сторен со отежнувачки околности.

8 години затвор е чест случај и употребуван термин за луѓе кои одат кај пријатели на гости и со себе носат 1г канабис за рекреативна употреба, и завршуваат со затворска казна, поради тоа што ова се смета за дистрибуција.

Таканаречена психоделична ренесанса

Во светот денеска, по повеќе од 50 години забрани, повторно се актуелни научните и клиничките истражувања за медицинска употреба на некои класични психоактивни супстанции (ПАС) како МДМА, псилоцибин, ЛСД, кетамин, но и класичните ентеогени како канабис, ајахауска, салвија и ибогаин.

Целта на овој текст не е детално навлегување во секоја ПАС поединечно ниту пак демистификување, промовирање или алудирање на нивната употреба, туку осврт на она што е актуелно во оваа деценија на истражувачкото, а особено клиничко поле во медицината заснована на докази.

Сите психоактивни супстанции или таканаречени дроги без исклучок во еден моментот од нивното откривање до денес биле користени во медицински цели, додека некои од нив сѐ уште се користат.

Шри Ланка ќе започне со одгледување на канабис за медицински цели кон крајот на оваа година

Шри Ланка ќе започне одгледување канабис за медицински цели кон крајот на оваа година, најави министерот за здравство.

Министерот за здравство Рајита Сенаратне кажа дека планира одгледувањето на канабис да се одвива низ 100 хектари планирано земјиште за плантажи. Се проценува дека ќе произведат 25.000 килограми канабис годишно, кој ќе се користи за медицински цели во државата и за извоз во Северна Америка. Земјоделците ќе бидат ангажирани од државата за да го одгледуваат канабисот, а производството ќе биде надгледувано од војската.

"Доколку на приватниот сектор му се даде зелено светло за одгледување на канабис, ќе треба да се издаваат дозволи и ќе треба да се наметнат други регулаторни механизми. На овој начин, нема да има потреба да се издаваат дозволи, бидејќи не се вклучени приватни страни ", изјави Сенаратне за неделникот „Обсервер“.  

Искоренување на сиромаштијата драматично ќе ги намали случаите на туберкулоза

Девет научници и креатори на политики, спроведоа истражување за испитување на инциденцата на ТБ во 192 земји. Заклучоците се постигнати преку набљудување на врските помеѓу луѓето кои живеат со помалку од 1,90 долари дневно и опфатот на разни социјални програми во секоја земја. 

Повеќе од 95% од смртните случаи од ТБ се случуваат во земјите со низок и среден приход, така што поврзаноста помеѓу сиромаштијата и ТБ се потврдува. Сепак, истражувачите велат дека најновите откритија се значајни во обезбедувањето на нови докази за поврзаноста.

„Оваа студија е важна за да покажеме дека превентивните мерки имаат големо влијание" -  Даниел Картер, истражувач од Лондонската школа за хигиена и тропска медицина.

„Ние имаме тенденција да се занимаваме само со пациенти со ТБ кога веќе се болни, но тоа не е доволно за да се елиминира ТБ. Намалување на сиромаштијата, би можело да биде исто толку ефикасна во справувањето со болеста, како лековите и вакцините ".

Pages